(Видео)КУМАШИНОТ НА ЗАЕВ ЗЕМАЛ НЕВЕРОЈАТНИ 610 ХЕКТАРИ ЗЕМЈИШТЕ: Дури 61 милион државни субвенции во џебот на кланот Заеви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумашинот на Зоран Заев земал под закуп 610 хектари државно земјоделско земјиште и 61 милион денари субвенции. А дополнителниот заменик министер од СДСМ, Љупчо Николовски обвинува за партиско делење на субвенции и државно земјиште.

kumasin-zaev-subvencii

Според документите до кои стигна Сител, кумашинот на Заев, Горам Митев преку фирмите АД Струмичко поле, пререгистрирано како Земјоделско сточарски комбинат АД, има добиено 610 хектари земјоделско земјиште а од 2012 до 2015 овие фирми добиле неверојатни 61 милион денари за субвенции. Митев пријавил дека поседува 906 говеда.

Како што дознаваме, кумашинот на Заев се офајдил и од тужба против водостопанство Струмица, извори од процесот брифираат дека тој ја добил оваа тужба благодарение на поддршката на судиите и адвокатите блиски до СДСМ.

Документите кои ги поседуваме, покажуваат дека семејствата на многу од пратениците и луѓето од раковотството на СДСМ добиле државно земјиште и субвенции.

Матерјалот не е сеуште целосно обработен, но првичната констатација е дека од вкупно 9000 договори за закуп на државно земјиште, колку што има вкупно во Македонија, околу 4000 се склучени со луѓе кои се од СДСМ, фирми кои ја финансираат опозициската партија, или фирми на роднини на функционерите.

Овие податоци целосно го рушат тврдењето на дополнителниот заменик министер за земјоделие Љупчо Николовски кој обвинуваше дека новинарот Миленко по партиски клуч добил државно земјиште.

Документите кои излегоа подоцна потврдија дека ова земјиште не го зел Миленко ниту неговото семејство. Туку Митко Јованов кој работи во кабинетот на Зоран Заев а земјиштето го добил во време на СДСМ за подоцна фирмата на чие име гласело земјјиштето да ја продаде на фамилијата на Неделковски.

Извор: Сител

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This