(Видео)ЛАГИТЕ НА ВЛАСТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ: Што ветуваа Заев и Тевдовски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатиот период излегоа информации за негативната корекција на проекциите на БДП од страна на ММФ и Светска Банка за Македонија за 2018 година и лошиот тренд во економијата кој се поочигледно е дека ќе продолжи од 2017 година каде растот на БДП беше најнизок во Европа и во регионот односно 0,1 %.

Моменталната реална состојба во економијата воопшто не е во корелација со она што Премиерот Зоран Заев и Министерот за финансии Драган Тевдовски го ветуваа.

Така Премиерот Зоран Заев во една прес-конференција изјави дека 2018 година ќе биде исклучително добра за економијата и за капиталните инвестиции.

Можеме и имаме право да негуваме огромен процент на реализацијата на капиталните инвестиции кои што и те како се многу значајни за севкупниот економски раст на државата изјави Заев.

Но бројките го зборуваат сосема спротивното. Така реализацијата на капиталните инвестиции за првите 8 месеци од годината се катастрофални 21,33 % според извештајот на Министерството за финансии додека задолжувањата континуирано растат. Имено само денеска Министерството за финансии се задолжи за нови 54 милиони евра. Експертите континуирано изразуваат загриженост заради фактот дека парите воопшто не се вложуваат во продуктивни проекти и во капитални инвестиции кои имаат позитивно влијание врз економијата и стопанството на долг рок.

На истата прес- конференција Премиерот Зоран Заев изрази огромен ентузијазам за економскиот напредок на Македонија но затоа моменталните податоци и состојби го говорат сосема спротивното.

2018 година е година која што треба да биде година на прогрес, година на економски инвестиции година на севкупен економски раст и развој на Р. Македонија. Очекуваме и раст на БДП кој што севкупно ќе значи и чувствување кај граѓаните и враќање на економскиот живот кажа Заев.

Но како што изгледа ММФ и Светска банка не се согласуваат со проекциите на Премиерот Зоран Заев.Имено, ММФ и Светска банка ја намалија проектираната стапка на БДП од 3,2 % на ниски 1, 6 % за оваа година. Исто така, јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП а се очекува да достигне и 50 % од БДП според светските реномирани финансиски институции.

Економијата е во катастрофална состојба и познавачите велат дека ако се продолжи со ова темпо тогаш состојбата може да стане алармантна.

Но овој ентузијазам на почетокот на годината не го делеше само премиерот Зоран Заев. Исто така Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека во 2018 година може да се очекува сериозен пресврт на економски план и дека економијата ќе почне да се движи во нагорна насока но ништо од тоа не се случи.

Според познавачите вака како што стојат работите растот на БДП за 2018 година ќе биде нешто над 1 %. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа ќе бележат високи стапки на раст, Македонија стагнира и не ги користи позитивните економски трендови во светската и европската економија. Според Светска Банка од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Македонија е повторно на дното и во регионот и во светски рамки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This