April 26, 2024, 11:14 am

(Видео)ЛАТАС НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ ВИНОВЕН: Истото го рекоа и двајцата негови браќа Звездан и Срѓан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По многу одложувања на рочиштата, денеска почна главната расправа за предметот „Тревник“, во кој се обвинети Драган Павловиќ Латас и двајцата браќа за бесправно градење викендички во Зелениково.

Латас рече дека го разбира обвинението, но додаде дека не се чувствува виновен.Истото го рекоа и двајцата негови браќа Звездан и Срѓан.  Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска, рече дека од материјалните докази, исказите на сведоците и бомбите, ќе докажат дека обвинетите граделе бесправно.

„Обвинетите во 2011 година почнале градба на објект за домување без да добијат правосилно одобрение за градба”, рече Јосифовска.

Според СЈО, Латас и неговите браќа кога поднеле барање за одобрение за градба, го прикриле фактот дека градбата веќе е почната и е во напредна фаза. Обвинителката рече дека Латас изградил викендичка со вкупна квадратура од 317 квадратни метри,  а неговите двајца браќа, со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Адвокатите на Латас рекоа дека ќе докажат дека нема кривично дело. „Ќе го убедиме овој суд дека доказите на СЈО се спротивни на законот. Обвинетите не нарушиле ниеден закон“, рече адвокатката Савиќ.

Во Кривичниот суд во Скопје почна главната расправа за предметот „Тревник“, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој осомничен е новинарот Драган Павловиќ Латас. Рочиштето претходно неколку пати беше одложувано поради отсуства на Латас. Новинарот и уште двајца други се товарат дека изградиле викенд куќи во Зелениково без одобрение на градба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This