(Видео)Македонија нема да добие датум за преговори, одлучи новата бугарска коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот претседател, Румен Радев, се очекува да донесе указ за свикување на новоизбраното Народно собрание за 1 декември.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, најитната задача пред новиот парламент на Бугарија ќе биде усвојувањето на државниот буџет за 2022 година.

Во 47. Народно собрание ќе има седум политички партии, од кои две нови, победничката „Промените должуваат” на двајцата поранешни привремени министри за економија и финансии Кирил Петков и Асен Василев и најмалата „Преродба” на Костадин Костадинов, кој има антиваксерска и проруска ориентација.

Новоизбраните бугарски пратеници веќе го одржаа својот технички состанок во зградата на Народното собрание.

Првата средба е традиционално свечена и се очекува да биде на почетокот на политичката сезона – 1 декември. Седницата ќе ја отвори најстариот пратеник во 47. Народно собрание, а тоа овојпат ќе биде Силви Кирилов од „Има таков народ”, по што пратениците полагаат заклетва, ги презентираат водечките приоритети и го избираат раководството на парламентот.

Според процедурата, пратениците во првите денови од својата работа ќе ги избираат членовите на постојаните и привремените собраниски комисии и ќе изработат нови правила за работа на 47. Народно собрание.

Се очекува за кусо време претседателот на Бугарија Румен Радев да му наложи на кандидатот за премиер на „Промените продолжуваат” Кирил Петков да формира влада и до Народното собрание да ја достави предлог структурата и нејзиниот состав.

Буџетот на Бугарија за 2022 година се очекува да биде усвоен најдоцна до крајот на јануари.

На вчерашната средба на коалиционите партнери кои треба да ја состават новата Бугарска влада, идните коалициони партнери донесоа единствен заклучок дека Бугарската влада ќе се држат до единствената Бугарска позиција по однос на Македонското прашање.

Ваквиот став значи и дефинитивно вето за Македонија за датум за почеток на преговори за членство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This