(ВИДЕО)МЕЛАНИЈА СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА: Првпат по веста за аферата на Трамп со порноглумица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дама пристигна на говорот за состојбата на нацијата во посебен автомобил од нејзиниот сопруг, во екот на шпекулациите за состојбата на нивниот брак.

Меланија Трамп се соочи со јавноста и со медиумите првпат по објавувањето на информациите за наводната афера на нејзиниот сопруг со порноглумица, кога дојде на говорот за состојбата на нацијата во вторникот вечерта, вели Гардијан.

Односот меѓу прва дама и претседателот е под интензивен надзор откако месецов се рашири вест за наводната врска на Доналд Трамп со порноглумицата Стефани Клифорд, односно Сторми Даниелс, во 2006 година.

Меланија Трамп ги откажа плановите за патување со својот сопруг на Светскиот економски форум во Давос минатата недела, наводно поради тоа што била „бесна“ на претседателот и спиела во хотел во Вашингтон.

Сепак, таа се појави во Капитол за говорот на нејзиниот сопруг – иако ја прекрши традицијата доаѓајќи во посебен автомобил на краткото патување од Белата куќа.

Барак и Мишел Обама патуваа заедно во Капитол за секое од обраќањата на Обама за состојбата на нацијата. Џорџ и Лаура Буш, исто така, патуваа заедно за говорите на Буш, вели Гардијан.

Други истакнуваат дека Трамповци дошле со еден автомобил од Белата куќа до Капитол за првото обраќање на Трамп на Заедничката седница на Конгресот минатиот февруари.

Пристигнувањето на Меланија Трамп во Капитол предизвика гласен аплауз.

Несомнено свесна за мемето што го создаде со својата реакција за време на инаугуративниот говор на Доналд Трамп во јануари 2017 година, Меланија се насмевна и седна до Престон Шарп, дванаесетгодишникот што го организираше поставувањето на повеќе од 40.000 знамиња на гробови на војници.

Имаше и сличности со белата облека што Хилари Клинтон ја носеше на Демократската национална конвенција и на инаугурацијата на Трамп, вели Гардијан.

Првата дама стана да аплаудира кога нејзиниот сопруг се качи да го одржи говорот, за време на кој побара начин да добијат државјанство 1,8 милиони имигранти без документи, но ги разлути имиграционите активисти нагласувајќи дека „и Американците се сонувачи“. Меланија, која е родена во Словенија и се преселила во САД во 1996 година, остана да седи на таа реченица, со строг поглед.

Освен овие моменти, немаше некоја голема возбуда за оние што бараа знаци за состојбата на бракот на Трамповци.

Првата дама топло му се насмевна на Шарп кога нејзиниот сопруг ја спомена неговата кампања со знамињата и учтиво ракоплескаше за време на многуте аплаузи.

Претседателот го одржа својот говор само неколку часа откако Клифорд објави соопштение во кое ги негираше информациите за аферата.

„Не ја негирам оваа афера затоа што ми биле платени пари за да молчам“, рече Даниелс. „Ја негирам оваа афера бидејќи никогаш не се случи“.

Волстрит џурнал во јануари објави дека адвокатот на Доналд Трамп договорил исплата на 130.000 долари за Клифорд еден месец пред изборите, како дел од договор што ја спречува да зборува за наводната врска.

Една недела по извештајот на Волстрит џурнал, списанието Ин тач објави интервју со Клифорд од 2011 година, во кое таа вели дека имала афера со Трамп, и беше масовно цитирана.

Стефани Гришам, директорка на Трамп за комуникации, рече дека Трамповци ќе се вратат во Белата куќа во истиот автомобил. Гришам минатата недела мораше да одговара на многу прашања за состојбата со бракот на Трамп.

Во петокот Дејли мејл објави дека Меланија преспива во хотел во Вашингтон, откако се раширија вестите за исплатата на пари за порноглумицата, а вчера Њујорк тајмс објави дека првата дама била „бесна“ на својот сопруг по веста.

Првата дама неочекувано го откажа планираното патување во Давос со претседателот. Нејзината канцеларија како причина наведе неодреден распоред и логистички проблеми.

Гришам објави твит во кој се пожали на медиумите, наведувајќи „лажно известување“ по објавувањето на сторијата на Дејли мејл, но не се осврна на тврдењето дека Меланија не спие во Белата куќа.

 BREAKING:The laundry list of salacious & flat-out false reporting about Mrs. Trump by tabloid publications & TV shows has seeped into “main stream media” reporting. She is focused on her family & role as FLOTUS – not the unrealistic scenarios being peddled daily by the fake news.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This