Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не може да биде задоволен со сезоната која што заврши, откако Аргентинецот не успеа да ја освои Лигата на шампиони, а се га го очекуваат предизвици со репрезентацијата.
Кога се појави во кампот на репрезентацијата во рамки на подготовките за Копа Америка, тренинг имаа кадетите на „гаучосите“.
Меси делуваше многу љубезно и се фотографираше со секој млад фудбалер, кој го посака тоа од ѕвездата на Каталонците.
Трпеливо стоеше и ги почитуваше сите, па покажа дека и покрај големата популарност, Меси е навистина скромен и едноставен.
https://twitter.com/TyCSports/status/1134128959627681792?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1134128959627681792%7Ctwgr%5E393039363b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Farchives%2F111190