(видео)МИЦКОСКИ ГО ДАДЕ СВОЈОТ ПОТПИС ЗА СИЛЈАНОВСКА: Силно сум убеден дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска и граѓаните на Македонија ќе извојуваме победа на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како граѓанин денеска во подрачната единица на Министерството за правда, тука во општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија, ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од подрачната единица на Министерството за правда во Карпош.

-Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, додава Мискоцски.

https://www.facebook.com/kurir/videos/2091846964243947/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This