(Видео)МИЦКОСКИ ОД РЕСЕН: На Заев нe cмee да му се дoзвoли да влaдee уште некој месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево се обрати од Ресен на граѓанскиот собир како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“

Во продолжение обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Овие се тешки денови, денови кога практоично, треба да се набере она кое што претходно било посаденено, негувано. А потоа доаѓа, претпоставувам уште потешкиот дел кој што беше главен проблем изминативе години, а тоа е, тоа што е набрано да се продаде и да се добие соодветна награда за тоа што ќе се продаде, односно да биде се тоа достоинствено. Да не биде недостоинствено. Да не биде навредливо. Да не биде како што беше изминатата година.

Оваа година, посакувам овие од Владата на СДСМ и Зоран Заев, од она кое што го слушнав тука на терен, сведочењата се дека се што ветиле, вклучително и онаа помош која што ја ветија за штетите 2016 – 2018 година, воопшто никогаш до сега не е пристигната, а камо ли за нешто повеќе.

Така што уште еднашка ви благодарам што најдовте време овдека да бидете со нас, и да практично заедно да разговараме за сите проблеми, за сите маки кои што овде во Ресен, вие ресенчани ги чуствувате.

Знам дека е тешко, голем дел од проблемите кои што ги слушнав и кои што претпоставувам ќе ги слушнам во текот на вечерта се заеднички со нашите сограѓани ширум Македонија. Веќе имавме еден ваков настан кој што беше во Битола, а потоа имаше ваков настан во скопски Чаир, па во Петровец, во Кратово, продолжуваме сега во Ресен и во другите градови во Македонија.

Основните проблеми кои што ги мачат граѓаните ширум Македонија се безпарицата, сиромаштијата, но најмногу од се е тоа што граѓаните во нашата татковина ја загубија надежта за подобра иднина, за перспектива, убедени се во безперспективноста. И луѓето, а посебно младите одлучуваат да ги спакуваат куферите и да ја напуштат Македонија и да ја градат својата иднина некаде далеку, во другите земји во Европа.

Некои одлучуваат да отидат и преку океанот во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија. Но, она што е трагично, е што секојдневно некој наш сосед, некој наш пријател, другар трајно не напушата и заминува поради разочарувањето, поради неисполнетите ветувања, поради нереализираните очекувања. А богами, изминатите речиси три години ги имаше многу.

 

Јас знам и свесен сум дека ми престои тешка и пеколна битка за да го убедиме секој еден човек дека тоа што го зборува СДСМ, Зоран Заев, дека сите биле исти, не е точно. Оние тоа го зборуваат затоа што сакаат сопствената немоќ, сопствените лаги, сопствениот арамилук да го покријат со тоа што ќе предизвикаат еден вид апатија, разочарување, немоќ кај граѓаните да речат, па види еве и овие другите и овие од опозицијата се исти како овие од власта. Не се сите исти.

Не се сите исти затоа што организатор и реализатор на сите лаги, на сите кренати очекувања и уште поголеми разочарувања има име и презиме и политичка припадност а се вика Зоран Заев и СДСМ.

Власт во оваа држава, веќе трета година по ред е СДСМ и Зоран Заев. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следи ќе понудиме комплетно нови политики кои што ќе значат решение за сите проблеми. Оние кои што ќе можеме со тие политики да ги решиме. А оние кои ќе не можеме ќе кажеме чесно, честито и отворено, луѓе ние ова не можеме да го решиме поради тие и тие причини.

Тоа што ќе можеме парцијално делумно да го решиме, тоа што ќе ни треба малку повеќе време ќе кажеме луѓе за ова ни треба повеќе време, за ова ни треба помалку време. Ќе мора да бидеме трпеливи и да почекаме. Ќе има решение за тој проблем.

Сакаме отворено, чесно, честито без да се затвораме во сали, без да ги бираме гостите на нашите настани, и без да ги нарачуваме прашањата да разговараме со граѓаните, да ги слушнеме нивните маки и да покажеме дека Македонија може поинаку, дека Македонија има сила за поинаки, има капацитет. И Македонија, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија тоа го заслужуваат.

Ние не се срамиме да излеземе пред граѓаните да разговараме и онаму каде што можеби во минатото некои политики на ВМРО-ДПМНЕ некому му причиниле штета да ги слушнеме неговите аргументи и доколку навистина е тоа така да побараме прошка. Но, онаму каде што имало добри политики, а имало многу во минатото тие истите да ги надградиме и прошириме. Но, истовремено да понудиме и нов концепт на функционирање на нашата држава.

Ќе понудиме и кадровско освежување кое што започна со вчерашниот ден, дел од 16темина стратешки соработници мои, ваши, на Македонија, беа презентирани на македонската јавност. тоа ќе продолжи и понатаму во периодот кој што следи. Веднаш со крајот на оваа акција за Обнова на Македонија, откако ќе добиеме од вас насока кои се вистинските проблеми иако да бидам искрен ги знаеме сите, можеби не сите, но повеќето од нив. Врз основа на тие проблеми да понудиме решенија а потоа доаѓа оној стратешкиот дел каде што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ, ќе зборуваме малку и за стратегијата, ќе зборуваме и за концептот како Македонија во иднина да биде тигар на Балканот.

Јас би сакал накратко да ве потсетам на некои промашувања од минатото кои што ги нудеше СДСМ и Зоран Заев. Јас се сеќавам, идејќи наваму ја гледав онаа изјава каде што Зоран Заев овдека пред Ресен и ресенчани ветува дека тој ќе обезбедел загарантиран откуп на ресенското јаболко, дека секој еден ресенчанец кој што произведува јаболка ќе добие достоинствен откуп и сигурен откуп и достоинствена цена за тој откуп. Субвенциите дека ќе доаѓале на време, помош ќе имало и знаеле они како имале план во нивната програма и така натаму.

Но, три години гледаме дека тоа е една огромна лага, една огромна манипулација од човекот кој што вчера ан пратеничките прашања кажуваше дека на него го болел македонизмот повеќе од сите нас. Замислете човекот кој што ја распродаваше еве веќе трета година по ред Македонија, човекот кој што го засрами Македонецот во Македонците, човекот кој што потпишуваше недостоинствени решенија, човекот кој што нудеше недостоинствени решенија, човекот кој што е организатор и творец на ова разочарување ширум улиците, булеварите, градовите и селата во Република Македонија вели дека го болела македонштината во него.

Продолжува да лаже. Исто како што лажеше и за загарантираниот откуп, за субвенциите, за помош. Тој истиот човек се сеќавате кога редеше пред владата чевли, кога редеше спортски обувки, кога велеше дека младите ја напуштале, но они имале план дека ќе ги вратата. По голема пустелија од Македонија ниту една влада, и во оној претходен систем во времето на комунизмот не направила. Поголема пустелија од градовите, селата се веќе мината приказна поголема пустелија од градовите во Македонија не направила ниту една влада.

Затоа што нема излез од целокупната оваа безпарица, од тешкиот живот, од безидејноста и безизлезот кој што го гледаат нашите сограѓани.

Ветуваа дека ќе донеле инвестиции, ќе донеле не знам колку милијарди евра дека ќе обезбеделе работа за сите дека ќе обезбеделе квалитетна работа наспроти тоа што донесоа, донесоа криминални тендери каде што се знае најчесто завршуваат бизнисмените или изрекетирани, видовте преку оној случај познат како Рекет, или пак опљачкани и избркани од Македонија како онаа градежна компанија која што требаше да го изгради експресниот пат преку Росоман до Прилеп. Сега минував низ тој пат, доаѓајќи овдека во Ресен, можеме да забележеме дека буквално оставија недозавршена работа при готов проект и обезбедени пари, тоа го наследија во 2017 година кога ја наследија владата.

Ветуваа дека за младите ќе имало младинска гаранција, ќе имало достоинствена работа за сите нив, дека они биле тие кои што зборот им важни, но, всушност ни се случува егзодус. За пензионерите ветуваа поголеми пензии, за волја на вистината можеби помалку трагично ја покачија пензијата за 36 денари. Недостоинствено и навредливо, а ветуваа се сеќавате достоинствен пензионерски живот.

Ветуваа дека ќе имало правда, ќе имало мир, а главна одлика на нивното владеење ќе биде оној градоначалник во Ново село се сеќавате кој што беше фатен со неколку тони шверцувани цигари, кој што ги пренесуваше преку граничниот премин со нашиот источен сосед. Потоа, ќе остане оној градоначалник во Демир Хисар кој што им кажуваше на вработените дека ги снимал.

Оној градоналник во Шуто Оризари кој што со тупаници ги превоспитува вработените во општината. Или пак можеби оној генерален секретар во владата се сеќавате „Тендер Рашко“ , не треба да ве потсетувам на неговата изјава за нашите стратешки партнери што би рекол тој јужно од Екваторот. Се сеќавате и на оној пратеник од Шарената револуција кој што си нарачуваче полче, па излезе дека не било полче тоа што ние сме мислеле, туку било полче од нешто друго.

Конечно на крај се сеќаваме на „Рекет 1“, „Рекет 2“, јас знам за „Рекет 3“, „Рекет 4“, „Рекет 5“, кој знае колку ли ги има, набрзо убеден сум дека и македонската јавност ќе дознае и за „Рекет 3“, „Рекет 4“, и за „Рекет 5“.

Прашањето е што ќе остават после нив, прашањето е дали Македонија и граѓаните на Македонија, дали македонскиот народ може да си дозволи уште еден Зоран Заев? Одговорот што секаде го слушам, каде што разговарам со нашите сограѓани е еден и единствен, а тоа е дека не може да си дозволи.

Затоа ние излеговме помеѓу вас, за да ја напишеме нашата програма која што заедно со вас ќе ја реализираме и таа ќе биде поделена во три дела, првиот дел е тоа што го говориме, а тоа е Македонија економски тигар на Балканот, за тоа имаме план имаме стратегија, имаме јасно дефинирани проекти и знаеме тоа како да го направиме, тоа сме го докажале во минатото, тоа и ќе го докажеме и во иднината.

Нас ни се потребни брзи, храбри и одлучни економски политики, за да може Македонија да прескокне дваесет или можеби триесет години во еден мандат од 4 години, знаеме точно како тоа да го направиме и верувајте дека кога ќе ја добиеме довербата од граѓаните, владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го спроведе.

Фер, честита и достоинствена политика за землјоделците. Бев во Кочани ист е проблемот со оризарите како што беше и минатата и предминатата година, бев во Тиквешијата разговарав во лозарите и во Неготино и во Кавадарци, велат полошо никогаш не било.

Тука сум денеска во Ресен разговарам со јаболкарите ми ги кажуваат маките од минатата година, зборуваме за неисполнетите ветувања во 2016-тата и 2018-тата. Исто беше и во Пелагонија со житопроизводителите, секаде буквално исто. Исто е и за оние кои што прозиведуваат сливи во Пијанец и Малешевијата.

Буквално насекаде постои разочарување и и секој од нив вели ова ми е последна година кога ја правам бербата, догодина планирам да ја напуштам Македонија и да заминам во странство. Е тоа е реалноста во Македонија, тоа начинот на кој што блеска Зоран Заев и СДСМ.

Дотоинствен образовен систем за најмладите, почнувајќи од најраната предшколска возраст, преку основно образование, средното обрзование, па се до факултетите, до универзитетите. Најмалку еден универзитет во првите 100 според Шангајската листа во првите две години и најмалку еден универзитет во Шангајската листа во првите 500 до крајот на мандатот, тоа е она што го ветуваа апсолутно реновирање и услови за нашите студенти, за луѓето кои што треба да бидат авангарда, за луѓето кои што треба да ја наследат и да ја градат иднината на нашата татковина.

Достоинствен пензионерски живот за пензионерите и враќање на старото законско решение каде што пензијата се исплаќаше по два основа. Првиот основ беше педесетина проценти зголемување по основ на зголемените трошоците за живот и педесетина проценти зголемување, по основ на зголемување на просечната плата.

За бизнисмените имаме план за враќање на рамниот данок, за сите граѓани на Македонија имаме план за укинување на покачениот арач за акцизата од 3 денари за дизел горивата. Сите овие политики ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ќе ги спроведе.

Но, она што е за мене најважно, а претспоставувам за секој македонец, но и граѓанин на Македонија е враќање на македонизмот во Макеоднија и тоа го зборуваме и на претседателските избори, тоа ќе го зборуваме и на овие наши средби тоа ќе го зборуваме и на овие наши средби, тоа ќе го зборуваме и во иднина.

Не е ретрограден, не е регресивен оној кој што си ја сака и љуби сопствената нација. Не е регресивен оној кој што се чувствува горд македонец. Не е ретрограден оној кој што за сопствената држава се бори по цена и на сопствениот живот, затоа што тука сите сме се родиле, оваа држава ни дала можност да се образуваме, оваа држава ни дава можност да тагуваме и да се радуваме и најмалку што можеме да направиме за нејзе во овој момент е да ја прашаме и да си го поставиме самите себе тоа прашање, сега што можам јас да направам за нејзе.

Денеска луѓето заборавија да си ја чувствуваат татковината како своја. Ако ме прашате зошто, затоа што политичарите ги изневерија, затоа што политичарите ги излажаа, затоа што политичарите тоа што го ветија, во најголем дел од случаевите не го исполнија. И затоа луѓето го изгубија сопственото чувство, патриотскиот дух на родољубие, не веруваат веќе во тоа кое што порано претставуваше светост, а тоа е да се биде Македонец, и тоа беше гордост каде и да се наоѓаш во светот. Гордост беше да си Македонец, тоа е она кое што ќе претставува и ќе има значајно место во нашата програма. Враќање на македонизмот во Македонија, и секаде во светот, онаму каде што живеат Македонците.

Не треба да се срамиме од тоа што сме, тоа се нашите корени, треба да се бориме за тоа со гордо крената глава и ни малку нема да не направи тоа регресивни ниту ретроградни, туку напротив, тоа е прогресивност, тоа е родољубие, тоа е патриотизам. Тоа е она што претставува сврзно ткиво помеѓу секој еден припадник на македонскиот народ и граѓани на Македонија.

Она што исто така сакам да го кажам е до останатите етнички заедници, албанската турската, ромската, бошњачката, српската, влашката и до сите останати. Ова е наша заедничка држава и треба сите заеднички да си ја сакаме, вие сте наши соседи, пријатели, браќа сестри тука сме се родиле заедно, тука ги споделуваме истите маки, тука претпоставувам заедно ќе ги завршиме нашите животи. Затоа поддржете ги честитите политичари, поддржете го ВМРО-ДПМНЕ, поддржете ги сите оние кои што нудат развој, родољубие базирано на вистински основ. Оставете ги овие што ве лажат, оставете ги овие кои што само тргуваат со вашите гласови. Бидете горди, бидете достоинствени заедно без разлика дали сме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, Египјани, без разлика на која нација и припаѓаме, ова е наша заедничка држава да си ја сакаме, а може да ја сакаме само доколку честито, вредно, макотрпно и чесно работиме за нејзе.

Помина времето на арамиите, завршува времето на арамиите и октопод политичарите, заврши времето на измамниците. Доаѓа времето на луѓето коишто ќе бидат отчетни, кои што ќе бидат меѓу народот и коишто ќе понесат вистинска одговорност за грешките кои што ќе ги направат. Јас ќе сторам се да таков број на грешки има се помалку, но она што можам да ви го ветам е дека сиот труд сета своја енергија до последната капка крв, до последната капка пот, заедно со вас ќе ја вложиме во кревањето на Македонија, во обновата на Македонија, од овој пепел кој што овие арамии и рекет политичари во владата ќе ни ја остават.

Јас нема да должам повеќе со политички говори, сакам на крај да ве замолам и да упатам една порака од овде од Ресен од вас, гледајќи ве во очи вас Ресенчани, не се сите исти, има арамии, има луѓе кои што не знаат да водат политика има луѓе кои што водат анационална политика, има луѓе кои што личниот интерес материјалниот интерес им е пред се има луѓе измамници има луѓе коишто ќе доаѓаат и ќе ветуваат се и сешто, додека ветуваат лажат и тие луѓе имаат име и презиме а таа политичка партија се вика СДСМ, а тие луѓе имаат име и презиме а тие луѓе имаат име и презиме нив ги предводи најголемиот помеѓу нив принцот на лагата Зоран Заев.

Немојте тоа да го заборавите ние сме различни. ВМРО ДПМНЕ е различно, нашиот збор планини тежи тоа што ќе го кажеме тоа и ќе го испорачаме. Она кое што сакам да ве замолам, сослушајте ги, сослушајте ги што имаат да ви кажат но немојте попусто да верувате. Македонија не може да си дозволи уште некој месец под владеење на Зоран Заев. Јас сум убеден дека на следните предвремени парламентарни избори победата на ВМРО ДПМНЕ ќе биде голема, ќе биде толку голема што ќе нема можности за било каков пост изборен инжинеринг. А со таа победа ќе дојде и голема обврска за ВМРО ДПМНЕ, со обврската ќе дојдат и резултатите и тогаш ќе докажеме дека можело поинаку и дека Македонија и македонскиот народ и граѓаните на Македонија заслужувале поинаку различно од тоа што се случува еве веќе трета година по ред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This