МИЦКОСКИ ЈА НАПУШТИ ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нешто повеќе од еден час присуство, ја напушти лидерската средба која се одржува во Клубот на пратениците. Во својата изјава тој испрати порака и до премиерот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таканаречената средба овде во Клубот на пратеници, заедно со претседателите на повеќе политички партии. Навистина за нас не беше јасен концептот зошто сите политички парламентарни партии не се застапени на овој состанок и добивме објаснување кое навистина не можевме да го прифатиме во стилот во кој ни беше објаснето, истакна Мицкоски.

Претседателот на партијата истакна дека како партија изразиле сериозен револт и негодување на, како што рече, девијанстното однесување на владини претставници и парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден.

-На неделовнички начин, на начин кој досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се усвои потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициона партија, а се со цел да се намали бројот на потребни пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 81 на 61 пратеник. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт по ваквото однесување, ги кажавме причините поради кои го напуштаме овој состанок на парламентарните политички партии кои беа поканети, им се извинуваме во наше име на сите парламентарни партии кои не беа дел од овој состанок, навистина не бевме во можност да делуваме и во нивно име протестираме, нагласи Мицкоски.

НАСКОРО ПООПШИРНО

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This