(Видео)МОГЕРИНИ ДОБИ ЛАДЕН ТУШ ВО БЕЛГРАД: Пратениците скандираа „Србија, Русија не ни треба Унија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, по вчерашниот ладен прием во Скопје, доби уште еден „шамар“ во Белград денес откако пратениците во српското Собрание почнаа да скандираат „Србија, Русија не ни треба Унија“

mogerini_srbija

Пратениците од Двери со лидерот Бошко Обрадовиќ молчејќи стоеа со написи на кои на српски и англиски јазик пишуваше „Србија не верува во Брисел“, додека радикалите на Шешељ скандираа и удираа по пратеничките клупи.

Пратениците на Српската радикална партија, ден во очи на седницата најавија дека претседателската кампања ќе ја започнат со попречување на посетата на Могерини.

На почетокот, Могерини ги поздрави пратениците со „добар ден“ на српски, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија. Обраќањето не го прекина и покрај скандирањето, освен тоа што еднаш се осврна кон пратениците кои скандираа.

https://www.youtube.com/watch?v=8LKQ1F9CL58

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This