(Видео)МРТВА ТРКА ПОМЕЃУ СДСМ И ДУИ ЗА АЛБАНСКИТЕ ГЛАСОВИ: Артан Груби скандира „УЧК, УЧК“, Заев нуди федерализација и отцепување на територии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мртва трка помеѓу СДСМ и ДУИ се води во последните неколку мигови од нивниот активен политички живот, за освојување на што повеќе албански гласови. Од ракав летаат секакви ветувања, радикални идеи и популистички пораки

zaev_ambasada_Usa_uck

Зоран Заев беше првиот кој ја започна радикализацијата на албанското етничко малцинство, ветувајќи „брда и долини“ од укинување на Охридскиот рамковен договор, за кој смета дека е недоволен, притоа газејќи врз жртвата на сите оние кои го дадоа својот живот за тој Рамковен договор.

Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија. Ова според Заев ќе значи и воведување на конечна федералзиација на Македонија и поделба по кантони по примерот на Швајцарија.

На крајот на својата радикална тактика Заев предвидува и отцепување на федералните единици, кантони, кои потоа преку референдум ќе можат да се припојат кон соседните држави, со што Македонија уште еднаш ќе биде жртва на поделби.

Овие барања кои ги поставува Зоран Заев предизвикаа паника во албанскиот политички корпус, особено кај партијата која беше формирана по воениот конфликт кој резултираше со Охридскиот рамковен договор, ДУИ.

ДУИ е во паника бидејќи сега на сцената се појавува радикал, политички терорист кој на албанците им нуди идеи и отвара поглавја кои на политичарите и екс-терористите на УЧК во рамките на албанската партија никогаш не би им паднало на памет да ги побараат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа би значело и политичко самоубиство на ДУИ.

Во услови на радикални популистички ветувања, кои доаѓаат од устата на Македонски политичар, ДУИ почна да ја губи трката по албанските гласови, па во брканицата мораа да измислат нешто ново и порадикално, свесни дека ВМРО-ДПМНЕ цели на 63 пратеници што ќе значи губење на можноста да се уценува носечката владеачка партија.

Од ваква позиција, во паника вчера портпаролот на ДУИ Артан Груби во својот поздравен говор на митингот на партијата, предизвикан од Заев и свесен дека ја губи трката се обиде да го мобилизира радикалното членство кое очигледно повеќе не му верува, па од говорницата урлаше „УЧК, УЧК“. Ова скандирање не вроди со плод со оглед на тоа што никој во салата не му возврати.

Очигледно, радикалната реторика и глорификацијата на една терористичка групација не е доволна за да се мобилизира членството и да се победи во трката за албанските гласови. Имено, во споредба со ДУИ, Заев изгледа на поголем Албанец од Хасан Приштина.

Освен ступидните идеи, Заев и неговите „коњи за трка“ деновиве неуморно отвараат штабови и поставуваат двојазични табли во села со мнозинско албанско население, нудејќи и продавајќи ги националните интереси на Македонија по чајџилници и џамии. За разлика од нив Ахмети беше нападнат во Куманово.

Очигледно, Заев го погодил терористичко-иредентистичкиот нерв на радикалниот дел на албанското население, кое се стреми кон спроведување на големо-албанската идеја.

Државата создавана со векови СДСМ ја продава на панаѓур, во чајџилници, на сокаци, во штабови. Висока е цената, но на личните интереси за кои раководството на најголемата опозициска партија и на неколку часа пред официјалниот почеток на предизборната кампања широкоградо им ветува на Албанците брда и долини, двојазичност и федерализација на Македонија.

 

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-640x320

Со денови теренските посети на СДСМ се одвиваат во албанските села: се отвораат штабови, се веат албански знамиња, се разговара со граѓаните. Шеќеринска, која е носителка на листа во ИЕ 5, е неуморна во Кичевско, Петре Шилегов, кој е носител на листа во ИЕ 6, активен е низ Гостиварско и Тетовско, Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, членови на ИО и ЦО на СДСМ, Стево Пендаровски, кој е носител на листа во ИЕ 1, и секако лично Зоран Заев, иако е носител на листа во ИЕ 4, пренесува Република.

sdsm-albanci-15-520x347

Вечерва Заев присустуваше на отворање на штаб на СДСМ во Кондово, а заедно со Адеми и Пендаровски ја посети и општина Сарај.

sdsm-albanci-1-520x293

СДСМ веќе на крие дека Заев им дал „беса“ на албанските партии, на албанската дијаспора, но и на Албанците во Република Македонија и дека враќање нема – нивната агенда за реализирање на големоалбанскиот сон е и негова агенда, СДСМ на овие избори се бори да ја уништи Македонија.

sdsm-albanci-5

Ова е причината поради која ВМРО-ДПМНЕ бара 63 пратеници. Ставање на крај на големо-албанските идеи, крај на барањата за двојазичност и федерализација. Крај на уцените на оние кои до пред неколку години пукаа врз Македонските бранители. 63 пратеници за стабилна и суверена Македонија!

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This