March 28, 2024, 10:46 pm

(Видео)МУЦУНСКИ ИМ ГО „ПЛЕСНА“ НА ГРЦИТЕ ВО ЖИВО НА ТВ: Јас сум Македонец од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретарот за меѓународни прашања на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за грчката телевизија „Скај“ жестоко аргуметираше за актуелната политичка сосотојба во државата по недобивањето датум за преговори со Европската Унија, како и делови од Преспанскиот договор кои сериозно го нapyшуваат идентитетот и правото на самоопределување.

„Приоритетот на оваа земја, со формирањето на нова влада, ќе биде ставање на Македонија на брза лента кон членство во Европската унија и потоа реотварање на овие прашања, како прашањето на самоопределување, што е целосно нeгиpaно со Преспанскиот договор“, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во интервју за грчката телевизија „Скај“.

„Отварањето на овие прашања е многу полесно кога сте дел од клубот, кога сте на иста основа со сите други земји-членки на ЕУ. Можности, од правен аспект, постојат, и во голема мера зависат од финалниот исход на самите избори“, додаде Муцунски.

Oткако беше опоменат од грчката водителка дека тој сеуште го користи терминот „Македонија“, а не новото име, Муцунски децидно одговори.

„Ви гарантирам дека не само додека сум жив, туку и потоа, ниту еден граѓанин на оваа земја нема своеволно или природно да го користи новото име. Тоа произлегува, како што реков, од основното право на самоопределување, но и од фактот што никој не може да порекне што сум. Јас сум Македонец од Македонија. И не мислам дека културно, лексички или на било кој друг начин и форма, во оваа земја тоа ќе се промени“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This