(Видео)НАДВОР ПОД ОТВОРЕНО НЕБО ИЛИ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ, ИСТО ИМ СЕ ФАЌА: Собите поплавени во студентските домови, надлежните никаде ги нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите сместени во студентските домови изминативе месеци се соочуваат со голгота. Откако Владата на Зоран Заев ги скрати средствата од буџетот наменети за студентските домови, ги остави студентите без еден оброк за исти пари, а во домовите снемуваше и вода. Но за жал, проблемите не застануваат тука, известува република.мк.

Студенти од „Стив Наумов“ денес се обратиле до редакцијата на Курир дека во моментов живеат во катастрофални услови.

Од денешниот дожд се поплавени дел од собите, по ѕидовите капе вода и студентите се принудени да ги отстранат своите работи, барем оние кои се уште не се оштетени.

– Ве известуваме дека во студентскиот дом „Стив Наумов“, зграда 3 на четврти спрат,  капе од дождот во сите соби. Вака е по секој дожд, а надлежните не сакаат да превземат ништо, реагираат студентите од домот.Во моментов во собите имаат ставено кофи за водата да капе во нив за да не им се поплават собите заедно со личните работи во нив. Помош побарале од надлежните во домот, но не добиле.

Премиерот Зоран Заев и министерката Рената Дескоска минативе месеци покажаа целосна негрижа за студентите. Беа укинати дисперзираните студии, студентите беа оставени без доручек кој е укинат во студентските домови. Најавените реконструкции и доградби нема да се случат бидејќи владата на СДСМ укина огромна сума на пари од Буџетот наменет за студентските домови.

Студентите не заслужуваат ваков третман и некој мора веднаш да реагира. Најголем дел од нив нема каде да отидат да преспијат, па единствен избор им се овие соби, поплавени од денешниот дожд.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This