(Видео)НАМЕСТО ВО УЧИЛИШТЕ, УЧАТ ВО ЧАЈЏИЛНИЦА: Тешко на тој кој што поверува во „животот“ на Заев и СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не се учи тука, подобро во старото училиште отколку тука“, вели една ученичка.

Ова училиште во Ново Село, Боговиње изгоре пред три месеци поради дотраената инсталација. Од тој ден ништо не е преземено за обновување на училиштето. Наместо во училници, учениците наставата ја следат во џамија, чајџилница или во амбулантата, пренесува ТВ 21.

„Не се учи тука, подобро во старото училиште отколку тука“, вели една ученичка.

Наставниците велат дека воопшто не им е лесно да работата во овие услови.

„Наставата, откако изгоре училиштето, ја одржуваме во многу тешки услови. Учениците сакаат да се изгради училиштето и постојано прашуваат. Таму имавме многу добри услови“, смета еден наставник, пренесува телевизијата.

Директорот на училиштето Таип Мифтари, вели дека е изготвена целата документација и дека истата ја испратиле до министерството за образование, и дека сега чекаат одговор. Тој се надева дека учениците до крајот на годината ќе влезат во новиот објект.

„Согласно волјата на државата се надеваме дека во реновираното училиште ќе влеземе на почетокот на училишната 2018-2019 година. Доколку не влеземе на 1 септември тогаш ќе влеземе на 1 октомври. Оваа календарска година се надевам дека ќе почнеме со настава во новиот објект“, додава Мифтари.

Надлежниот за образование во Општина Боговиње, Нуриман Тефику вели дека училиштето ќе биде изградено од темел, но дека чекаат министерството за образование да отвори тендер.

„Се надевам дека месецов или во март ќе започне административната постапка, но имајќи предвид дека станува збор за планинско село, треба да чекаме да се создадат временските услови за да се почне со изградба на училишната зграда“, додава Тефику.

Од Министерството за образование велат дека ќе излезат со конкретен план за капиталните инвестиции. Останува неизвесно дали и ова училиште ќе биде опфатено во планот или не. Инаку во ова училиште настава следат околу 200 ученици, пренесува ТВ 21.

https://www.youtube.com/watch?v=aL-8jeuOpgg

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This