April 24, 2024, 12:36 am

(Видео)НАПАЃАЧОТ ЕЛИМИНИРАН: Објавени снимки од нападот и реакцијата по застрелувањето на рускиот амбасадор во Анкара!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

pukac_turcija

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов е тешко повреден во вооружен напад во Анкара кој се случил околу 19.10 часот, пренесува Турскиот весник Хуријет. Нападот се случил на отворањето изложбата на фотографии „Русија низ очите на Турчин“, известува турскиот телевизиски канал НТВ. Карлов итно бил пренесен во најблиската болница.

 

 

„Амбасадорот одржуваше говор на отворањето на изложнбата, одеднаш за време на неговиот говор некој вресна Алаху Акбар! – и некој почна да пука“, вели очевидец за РИА Новости.
„Наверојатно нападот беше наменет за амбасадорот бидејќи по пукањето напаѓачот ги остави присутните да излеза од собата.“

Руското МНР го потврди нападот иинформациите дека Рускиот Амбасадор бил жртва на напад.

„Денес, за време на јавен собир во Анкара, непозната личност отворил хаотичен оган, при што Амбасадорот на Руската Федерација во Турција се здобил со прострелна рана“, рекла Захарова. Официјалната изјава нотира дека Русија е во контакт со Турските власти во врска со нападот. Карлов не бил итно пренесен во болница, туку добил помош на лице место. Амбасадорот е во критична состојба.

Набрзо по нападот, Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу пристигнал на местото на настанот.

https://www.youtube.com/watch?v=GmnxanvUGWQ

Напаѓачот, според турската НТВ е елиминиран.

Нападот следи само еден ден по објавувањето на посетата на турскиот МНР Мевлут Чавушоглу во Москва на разговор за Сирија со неговите Руски и Ирански колеги.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This