April 25, 2024, 10:13 am

(Видео)НАРОДОТ БЕШЕ„СТОКА“ СЕГА ЌЕ ГИ МОЛИ ДА ГЛАСААТ ЗА НЕГО: Стево Пендаровски го нарекуваше „овци“ и „стока“ истиот народ кој сега ќе го моли да гласа за него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пендаровски со кој образ ќе му се обраќа на својот народ и да го повикува на избори да гласа за него кога пред 5 години ги нарекуваше стока, а потоа и овци.

Кандидатот за претседател на Република Македонија на последните претседателски избори од редовите на опозициската СДСМ Стево Пендаровски во сворто обраќање пред присутните пред Владата на Република Македонија ги навреди граѓаните кои не веруваат во политиките на неговата партија нарекувајќи ги овци.

Инаку, граѓаните сеуште се сеќаваат на неговите изјави дадени за време на претседателските избори. Тогаш граѓаните за Пендаровски беа стока.

„Вас не ве качуваат во комбиња како стока“!!!!

Пред пет години кампањата ја водеше без класични митинзи, со интерактивен модел, каде граѓаните прашуваа, а Пендаровски одговараше на нивните прашања. Кампањата ја започна во американски стил, на конвенцијата емотивен говор имаше и неговата сопруга, која убедуваше зошто Пендаровски треба да биде избран за претседател на државата. Прва заложба доколку стане претседател Пендаровски најави дека ќе биде подобрување на состојбата со слободата на медиумите. За името, имаше дециден став дека нема да го менува уставот иако во меѓувреме оваа ситуација суштински се промени и го излажа народот.

Во претседателската кампања од 2014 во врска со името истакнуваше „Спорот околу името со Грција сигурно нема да го решам сам. Тоа може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900 илјади гласови. Без единство тоа не е можно“, рече Пендаровски, и пак излажа.

„Ако не може со консензус да се реши, тогаш да го турнеме на страна проблемот и да имаме соработка, погранична соработка и да развиваме се` што може да има врска со економија, со трговија, со профит и со подобар живот на луѓето“, велеше Пендаровски, и пак излажа.

“Сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме што е црвената линија на Македонија. Јас сметам дека ова прашање е толку големо, што не засега сите кои живееме во оваа држава, а особено Македонците, што сметам дека легитимитетот кој власта го има добиено на избори не е доволен. Треба да имаме референдум на кој ќе гласаат повеќе од 50 проценти од граѓаните”, ништо ни од ова, пак излажа.

Пендаровски посочи дека референдумот мора да биде облигаторен, бидејќи консензуален референдум бил манипулација со граѓаните, направија обратно, пак излажа

Воедно Пендаровски во повеќе наврати го навредуваше македонскиот народ нарекувајќи го стока, а сега ќе излезе без никаков образ и од таа „стока“ ќе бара глас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This