(Видео)НАЈСМРТОНОСНАТА БИТКА ВО ОФАНЗИВАТА ЗА МОСУЛ: Притиснати во агол, ИСИС почнува со контранапад против ирачките сили!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадниците на екстремистичката ИСИС тргнале во контранапад против ирачките сили во Мосул, но и понатаму се наоѓаат на простор од еден квадратен километар во Стариот град во Мосул, јавува Би-Би-Си

Ројтерс јавува дека ирачките сили го ставиле под своја контрола подрачјето на Ал-Фарук во стариот град во Мосул.

ИСИС распоредиле голем број на бомбаши самоубијци во различни делови на северниот дел од Мосул, но ирачките сили успеале доста брзо да ги стават тие делови од градот под своја контрола, соопштуваат ирачките претставници.

Ирачките сили спречиле и бран на самоубиствени бомбашки напади на борците на ИСИС кај стариот град во Мосул, соопшти вчера ирачката војска.

Мета на нападите било населението од Стариот град, последно упориште на екстремистите, пренесува Ројтерс.

Борбата за Мосул започнала пред повеќе од осум месеци и иако ирачките сили на момент имаат голем напредок, борбите внатре во градот се доста спори.

Поголем дел од Мосул е под контрола на ирачките сили од јануари, додека битката за последното упориште на ИСИС во Мосул, Стариот град, започна во фебруариа и како што наведува Ројтерс, станува најсмртоностната битка во офанзивата.

https://www.youtube.com/watch?v=i4j9nnKQRZk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This