(Видео)НЕКАДЕ СО ДОБРО, НЕКАДЕ СО НОЖ: Кој бил Андон Лазов Јанев – Ќосето, и какво е неговото значење за Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Некаде со добро, некаде со нож – Филм за Aндон Ќосето“. Ова е насловот на документарецот за Антон Лазов Јанев- Ќосето, македонскиот револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО.

Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Патров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. По судирот со турскиот аскер кај Тројаци, Андон се разделил и заминал со 30 востаници за Велешко. На 17 октомври 1903 година, кај месноста Клепа, во близина на селото Скачинци, четата на Андон имала тежок судир со турскиит аскер кој броел 500 души. Меѓутоа, на помош му дошол Борис Сарафов со 70 востаници, кои ги нападнале Турците од заднина. По успешниот пробив, Андон со четата заминал за Бугарија, каде пристигнал во средината на декември 1903 година.

На обвинувањата дека е санданист и разбојник, Андон им одговарал дека не е ниту санданист, ниту сарафист, ниту делчевист, туку човек на Организацијата и дека не служи на личности, туку на Македонија. За време на Младотурската револуција, Андон успеал преку еден Турчин да испрати писмо до Јане Сандански за да му обезбеди потврда од турските власти дека не бил разбојник, туку револуционер. Сандански му испратил таква потврда која ја презентирал пред судот по што бил ослободен од сите обвиненија. По излегувањето од затвор, разочаран од Организацијата, Ќосето ја фрлил пушката и му се вратил на обичниот живот.

Во продолжени погледнете го документарецот за Ќосето:

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This