(Видео)НЕМАШЕ НИКАКОВ ХЕМИСКИ НАПАД: Таткото на едно од момчињата злоупотребено во пропагандните снимки за наводниот хемиски напад во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Омар Диаб, татко на едно од момчињата кое се појави во провокативни снимки на групата Бели шлемови, покажувајќи цивили кои страдаат од хемискиот напад во Дума, изјави дека е подготвен да оди во меѓународни организации и да сведочи дека во Дума не се случил напад со хемиско оружје

“Немаше никакви знаци на хемиско оштетување на мојот син, тој беше исплашен, но здрав. Јас и моето семејство сме подготвени да сведочиме на кое било место во светот, вклучително и во Женева, Њујорк, дека не се користело хемиско оружје”,вели Диаб за новинарите.

Белите шлемови, невладина организација поддржана од Западот, позната по врските со терористичките групи, објави снимка со наводни жртви од наводниот хемиски напад во Дума на 7 април. Сепак, информациите што подоцна се појавија, како и сведочењата на сведоците, покажаа дека снимката е исценирана, од страна на Белите шлемови.

Руското министерство за одбрана, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Дамаск користел хемиско оружје во Дума, велејќи дека има докази дека нападот бил исцениран од странски безбедносни служби и милитанти во градот.

Сепак, видеото западните држави го користат како доказ за вмешаноста на сириските владини сили во инцидентот, и покрај тоа што нема друг доказ. САД, Велика Британија и Франција реагираа на она што тие го нарекоа хемиски напад со ракетни напади врз голем број цели во Сирија во саботата.

На 18 април, телевизискиот канал “Русија 24” објави ексклузивно интервју со едно момче, кое учествуваше во снимањето на исценираното видео, како доказ за хемискиот напад во Дума од страна на Белата шлемови. Во интервјуто, Хасан Диаб, момче кое се појави подоцна на видео, рече дека тој и неговата мајка слушнале викање на улица, повикувајќи ги сите да одат во болница. Кога Хасан и неговата мајка влегле во болница, некои луѓе ги фатиле, и започнале да истураат вода врз него, а потоа го сместиле со другите пациенти..

Русија испрати хемиски корпус за да утврди дали навистина се случил напад и дали има жртви кои имаат потреба од лекување. Руската екипа не најде траги од хемиско оружје или жртви во болницата. Москва и Дамаск ги поканија и претставниците на ОЗХО да дојдат во Дума и да го истражат инцидентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This