(Видео)НЕОНАЦИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ЗАПАЛИЛЕ КАМП ПОЛН СО БЕГАЛЦИ: Златна Зора станаа и убијци на деца и бремени жени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во импровизиран бегалски камп на островот Ксиос вчера избувнал голем пожар при напад од страна на екстремно-десничарските групи во Грција, кои ги гаѓале бегалците со камења и молотови коктели од што се запалиле и шаторите. Полицијата употребила солзавец и ги растерала и екстремистите и бегалците
napad_kamp_begalci_zlatnazora

Властите и волонтерите како и самите бегалци кажуваат различни верзии за настанот кој се случил во четвртокот доцна вечерта. Според полицијата, мигрантите извршиле кражби во две локални продавници, каде што биле украдени пиротехнички средства и алхохол со што го запалиле кампот. Според полицијата, токму бегалците фрлале камења кон нив, по што полицијата возвратила.

 

Сепак, според очевидци групата од околу 60 членови на радикално-десничарксата нео-нацистичка Златна Зора, фрлале карпи кон мигрантите и молотови коктели по што избувнал пожарот во кампот, а истовремено ги блокирале излезите со што бегалците немале каде да избегаат.

Неколку мигранти, вклучително и бремена жена со близнаци се хоспитализирани како последица од нападот. Габриела Тан, хуманиарен работник од Швајцарија, на Фејсбук напишала дека жената ги загубила двете неродени дечиња поради нападот на нео-нацистите од Златна Зора.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This