(Видео)НЕПОТИАЗМ ЦАРУВА ВО ВЕЛЕС: Еве кои служби се прибежишта за роднините на функционерите на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа прес конференција на која сподели нови случаи на непотизам, овојпат за вработувања на функционери на СДСМ во општна Велес.

Велес е град кој од ден во ден се повеќе се празни и се случува егзoдус, а наместо да се вработуваат квалитетни кадри, се вработуваат синови, ќерки, снаи, внуки, сопружници на функционерите на СДСМ. За сметка на квалитетот се вработува неквалитетот. И нормално во роднински клуч со функционерите на СДСМ“, изјави Арсовски

Арсовски ја наведе Пожарната служба во Велес стана пpибежиште за роднините на функционерите од СДСМ Велес, наведувајќи ги вработените, и нивните врски со функционери на владеачката СДСМ.

Ново вработен од пред нова година во пожарна во Велес е Ариан Џини – внук на директорката на центарот за социјална работа во Велес. Нормално кадар кој што е близок до власта.

Второ ново вработување од пред нова година во пожарната служба е Милан Прличков инаку сопруг на Пандорка Прличкова советник во општина Велес од СДСМ. Чудно е како сопругот на советничката од СДСМ се вработил токму во претпријатие кое е под советот на општината.

Трето вработување од пред неколку недели е синот на советникот во општина Велес Менсур Бачевац, кој исто така е примен во пожарната служба. Значи двајца советници си ги зближиле своите најблиски.

Четврт и многу чуден случај, сериозен за јавноста. Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни coмнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7ма на рангирањето, односно се барале 5, и иако била 7ма, далеку од првите 5 сепак била вработена од страна на болницата.

Дали какво влијание имал нејзиниот брат останува Aнтикорупциската комисија да утврди. Но, она што е интересно е дека можеби ако била на 10 место на рангирањето можеби и денеска ќе беше нов директор на болницата во Велес според критериумите на СДСМ. Па така уште еднаш апелирам до Aнтикорупциската комисија да ги истражи сите овие нови случаеви потенцирам нови случаеви на непотизам кои што во моментот гледаме дека се шират насекаде во држава, а сега веќе во општините да ги испитаат и нормално да донесат одлуки соодветни за сите cомнежи кои што произлегуваат од овие вработувања.

Важно е да се спречи непотизмот бидејќи како што знаете имаше еден бран каде што беа поднесени повеќе од 400тини претставки пред околу 10тина месеци и од тие 400тини претставки за блиски луѓе на функционерите на СДСМ не видовме освен неколку заради маркетинг да сносат соодветна одговорност.

Затоа апелирам дека одговорност мора да има и одговорност ќе има. Доколку сега не се понесе било каква одговорност за сите овие сомнежи, одговорноста ќе стигне веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, по 12 и ќе следи Обнова на Македонија, заврши Арсовски.

https://www.youtube.com/watch?v=2QNuTPo1obc

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This