(Видео)НЕ МОРА ШИЛЕГОВ ДА СНИМА, ЕВЕ НИЕ СНИМИВМЕ: Снимен „стелт“ авионот кој наводно прска против комарци во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако преку соопштение градот Скопје ги прогласи граѓаните за глуви, тврдејќи дека во градот се вршело авионско прскање против комарци, ама авионите биле бесшумни, градоначалникот Шилегов најави дека ќе ги снимал авионите за да ги увери граѓаните дека навистина се прска


Со цел да не се фрлаат парите на граѓаните за снимање на очигледни работи, ние ќе објавиме снимка од последниот обид за труење на комарците, на која што јасно може да се види „стелт“ авионот како навистина лета над главниот град, но од прскалките (ако ги има) не излегува никаква течност или дим, преку кој се растура средството против комарци.

Освен тоа, јасно е дека користените авиони се премногу мали за да можат да ги понесат габаритните канистри во кои се складира средството за прскање против комарци.

Градот Скопје, денес пак најави дека од понеделник до петок, следната седмица, ќе се прска секојдневно.

Репортер
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This