(Видео)НИКОЛОСКИ: Возможно е да се постигне договор Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, а да не се промени Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние и после пропаста не референдумот кажавме дека Преспанскиот договор е политички мртов и празно слово на хартија. Останува да се бориме и да продолжиме да работиме како политичка партија овој договор на крајот на денот е политички мртов, ова во врестите на телевизија Телма при своето гостување го истакна Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите механизми кои што ни стојат на располагање, а првиот ден кога ќе сме на власт и затоа ги бараме изборите, ќе направиме се, затоа што овој договор за Македонија е воможен. Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. За жал ние имавме 60 експерти ангажирани од Грција, а од другата страна двајца луѓе Заев и Димитров кои што по секоја цена сакаа овој договор, едниот да се спаси од кривичен прогон, другиот надевајќи се на политичка кариера, рече Николоски.

Тој додава дека неповратни процеси во историјата нема и вели дека со согласност на двете држави се менуваат амандманите и се подобруваат истите.

-Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа, а паралелно мора да се работи на подобрување на економскиот стандард, рече Николоски.

ТВ Телма 13.1.2019

Ние и после пропаѓањето на референдумот кажавме дека Преспанскиот договор е политички мртов и празно слово на хартија. Првиот ден кога ќе сме на власт и затоа ги бараме изборите, ќе направиме се, затоа што подобар договор за Македонија е возможен.Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа, а паралелно мора да се работи на подобрување на економскиот стандард,

Posted by Aleksandar Nikoloski on Sunday, January 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This