(Видео)НИШТО НЕ МИ МОЖЕ ЗАЕВ, ВЕЛЕШЕ ПАНЧО: Заев сепак му ја свитка кичмата на Панчо Минов!

Поврзано

- Advertisement -

Заев не го бива, јас не му се давам нему, а не со Груевски да се мери држава да води. Кичма ќе виткал, знае ли тој дека Кавадарчани се револуционерен народ. Или пак може ли во Кавадарци да се зборува двојазично, ние ни дијалектот не го менуваме, не пак јазикот. Кој не гласал за него бил грд човек. Гледа ли тој саглам? Кавадарчани и тиквешани се убав народ. И капак на тоа ќе се согласел да се прошири рамковниот договор. Како за Муртино да заборува. Ептен пропаднаа политички, ептен ја претераа. Ние сме само за заштита на националните интереси. На нашата светиња, Република Македонија, ова некогаш го изјавуваше Панчо Минов за премиерот Зоран Заев.

- Advertisement -


За Минов до неодамна Заев беше пропаднат политичар, а сега премиерот е сигурен дека токму тој ќе гласа за уставните измени. Додека Панчо Минов од говорница за време на митинг се колнеше дека Република Македонија му е света, Заев вчера изјави дека Минов работел на амандманите за уставни измени.

Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласа, изјави Заев по врачувањето на првото решение за овластен економски оператор во Владата.

Извор
Република.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This