(Видео)НОВА ДРАМАТИЧНА СНИМКА ОД ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Луѓето бараат засолниште во морето, чад насекаде, паника!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пожарите во Грција животот го загубија повеќе од 90 луѓе, а бројот би можел да биде и многу поголем. Некои од нив го загубија животот во морето, а некои бегајќи од огнот.

За големината на катастрофата што ја погоди Атина сведочи и видеото што се појави во медиумите, кое ги покажува луѓето во морето како очајнички се обидуваат да се спасат.

Да потсетиме, според официјалниот податок, загинаа 91 лице. Животот го загубија во пожарот или од давење во морето.

На видеото што кружи низ медиумите се прикажани десетина жители на Мати, источно од Атина, кој беше епицентар на огнот.

На снимката се гледаат жителите на ова место кои успеале да стигнат до морето. Тие носат ткаенина преку лицето, бидејќи чадот над нив е неверојатно густ.

Да потсетиме, бегајќи од огнот многумина од нив побрзаа кон морето, но, за жал, сите не стигна до водата. На едно место има 26 тела на луѓе кои не успеале во оградата да ја најдат портата што води кон плажата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This