(Видео)НОВИНАРИТЕ НА ИНФОМАКС И 24ВЕСТИ ЈА РАСИПАА ЗАБАВАТА НА ПОПОВСКИ: Хаос во ЕУ инфо центарот на денот на слободата на медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбележувањето на денот на слободата на медиумите не помина согласно планираната церемонија на министерот за пропаганда Роберт Поповски и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кои во свечени одела се надеваа дека ќе дадат по неколку свечени изјави пред претсавниците на ЕУ и Амбасадата на САД и ќе завршат со процедурата

Дебатата започна кога репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ го запраша претставникот на амбасадата на САД што има толку страшно во поставување на прашање на амбасадор за тоа што прави на избирачко место, алудирајќи на ситуациајта кога американскиот амбасадор Џес Бејли беше присутен на избирачкото место во Кисела Вода.

Поради прашањето кое го постави Стоилковиќ, минатиот месец тој беше повикан на информативен разговор во ПС Кисела Вода.

Претставникот на амбасадата на САД се обиде да го избегне одговорот на прашањето, објаснувајќи дека не го разбрал. На ова се надоврза и новинарот на 24Вести Един Хајдарпашиќ кој револтирано ги запраша „домаќините“ што се замислуваат и дали мислат дека ова е само церемонија на која тие ќе направат „будали“ од новинарите.

Тој револтирано ги запраша министерот Роберт Поповски и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, дали ги сметаат новинарите за глупави, па сега тука ќе зборуваат за подобрување во медиумската сфера, а реално новинарите се исплашени, имаат мали плати или воопшто не земаат. Новинарите се исплашени, не земаат плата, или земаат 300 евра плата, а вие ќе ми зборувате за слобода на печат, рече Хајдарпашиќ, пренесува ТВ21.

Што направи ти за толку години на чело на ЗНМ, го праша тој Селмани.

Вие сте лицемерни, им се обрати Хајдарпашиќ:

Инаку во ЕУ Инфоцентарот беа собрани околу триесетина новинари кои требаше да им поставуваат прашања на Селмани и Поповски, како и уште на двајца присутни гости.

Расправија во ЕУ Инфо Центарот

Хаос во ЕУ Инфо центарот откако новинарите на Инфомакс и 24Вести ги истакнаа реалните проблеми влошената состојба со слободата на медиумите.

Posted by infomax.mk on Thursday, May 3, 2018

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This