(Видео)НОВИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ВО СИРИЈА: Погодени воени депоа со муниција во Алепо и Хама, не се знае изворот на ракетниот и авионски напад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силни експлозии се слушнале вечерва на периферијата на Хама и Алепо, пренесува Сириската државна агенција САНА. Државниот медиум објави дека воени бази биле погодени од ракети лансирани од непознат непријател


Наводните напади се случиле во неделата доцна навечер. Цитирајќи воен извор, САНА прнесува дека се работи за „нова агресија со непријателски ракети“, која се случила околу 10.30 часот вечерта по локално време, таргетирајќи воени позиции во села во Хама и Алепо.

Сириските безбедносни сили, пренесува РИА, информирале дека биле погодени депоа за муниција на армијата во воздушен напад.

Изворот за РИА Новости пренесува дека погодените воени цели биле во сопственост на 47.бригада на Сириската Армија. Пожар избил во погодените депоа како резултат на нападот. Другата цел била во близина на аеродромите Ал-Маликија и Ал-Најраб на периферијата на Алепо.

Засега постојат непотврдени извештаи за повредени и загинати лица како резултат на нападот. Скај Њуз Арабија, цитирајќи бунтовнички извори, објави дека околу 40 лица најверојатно ги загубиле животите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This