(Видео)ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП: Тајната служба го спасуваше Трамп во Невада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До инцидентот дојде откако маж од толпата подигна транспарент на кој пишуваше: „Републиканците против Трамп!“

Агенти на тајната службаа го грабнаа Доналд Трамп и го тргнаа од бината, синоќа за време на митингот во Рено, Невада, откако увидоа дека едно лице од публиката може да биде закана за кандитот за претседател на САД.
– Оди, оди – му викаа на Трамп агентите, приватното обезбедување и локалната полиција, додека апсеа 33 годишен маж кој стоеше во првите редови во публиката.До инцидентот дојде откако маж од толпата подигна транспарент на кој пишуваше: „Републиканците против Трамп!“

Потоа, двајца припадници на обезбедувањето го фатија Трамп за рамења и го тргнаа од местото каде држеше говор.

– Никој не рече дека ќе ни биде лесно. Никогаш нема да не запрат – рече Трамп откако се врати на бината.

Доцна синоќа, од Тајната служба соопштија дека некој пред бината викнал „пиштол!“, но при истрагата не е најдено никакво оружје.

Приведено е едно лице и истрагата за инцидентот уште трае.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This