(Видео)ОБЈАВЕНА ЕВРОВИЗИСКАТА ПЕСНА: Тамара Тодевска ја објави песната „Горда“ со која ќе ја претстави државава во Тел Авив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тамара Тодевска ја објави песната со која ќе нè претставува на Евровизија. Во Тел Авив, Тодевска ќе настапи со песната „Proud“ (Горда).

 

Тамара пред неколку недели објави статус на социјалните мрежи, во која наведе дека оваа песна ќе ја пее за нејзината ќерка Хана, бидејќи посакува нејзините деца да можат да живеат во свет без наметнати правила за жените.

Таа вчера, по повод Меѓународниот празник на жената 8.Март и официјално го објави видео записот од песната со која ќе ја претстави земјава во Тел Авив годинава, на Евровизија.

Во 1991 за прв пат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана. После долго време во 1997 год заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на “Скопскиот фестивал” со песната “Луда игра”. Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам” дело на Роберт Билбилов подржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.

Со истата настапува на фестивалот “Сунчане Скале” во Херцег Нови во 2002 и освојува трето место. По Дали знам во 2002 година следува уште еден сингл Месечар. Истата година ги собира сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка на “Охрид фест” ја освојуваат третата награда со песната Кога би можел.

Во 2003 година на „Макфест” се претставува со Немирна, eдна од најубавите песни на Тамара, која следната година доби награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Снима дует со тогаш мегапопуларната хип хоп група „187″, песна со контраверзен наслов Ceкc која станува мега хит. Истата година на „Будва Фест” го остварува својот најголем хит 1003, песна дело на Роберт Билбилов и се пласира високо.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This