(Видео)ОВА ВИДЕО ГИ КРЕНА ТЕНЗИИТЕ ВО АРАЧИНОВО: Погледнете како Заев ги исмева Албанците во Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видеото што го објавува профилот Haraçina Zemra E Shqiptarve ги крена и онака високите предизборни тензии во скопската општина Арачиново каде што покрај ДУИ и Алијансата за Албанците во трка за „Татко на општината“ влезе и СДСМ со својата кандидатка Мелекије Халими.

На видеото кое е снимено пред изборната кампања за време на посетата на премиерот Зоран Заев на ова скопско село со кого Халими се прегрнува таа е прикажана како дава изјава за својата кандидатурата.

Давајќи ја изјавата неискусната Халими неколку пати греши што со оглед на нејзиното неискуство во политиката е вообичаена работа. Таа неколку пати на албански јазик се обидува да даде изјава за медиумите што не и успева а на крајот на македонски јазик со помош на присутните успева да каже дека ја прифаќа кандидатурата за градоначалник на СДСМ во Арачиново пред присутните новинари.

Претставници на СДСМ и активисти кои работат на кампањата на Халими денеска откако видеото го видоа над 180 илјади луѓе на сцојалните мрежи тврдат дека се работи за смислен напад врз Халими од нејзините политички противници а во коментарите по социјалните мрежи може да се прочитаат и закани до тие што го објавиле видеото.

Според тоа што може да се види на интернет и покрај тврдењата на нејзината партија дека се работи за монтирано видео сепак јасно е дека делот од видеото каде што Халими како и секој почетник во политиката греши при давање изјави не е монтиран туку пренесен интегрално.

Видеото се состои од два дела. На изјавата на Халими е придодаден моментот во кој се гледа како Халими се прегрнува со премиерот со што веројатно тие што го постирале видеото се надеваат дека ќе предизвика негативни реакции кај Албанците поради контактот на албанска жена со еден македонски политичар.

Ако се суди според коментарите на социјаните мрежи кај дел од граѓаните овој обид успеал.

Во некои од коментарите на социјалните мрежи се наведува дека СДСМ чиј кандидат е Халими се обидела да го тргне видеото од социјалните мрежи но со оглед на тоа што се работи за изјава на политичар компанијата Фејсбук одбила да го блокира со образложение дека не се работи за говор на омраза ниту пак за прекршување на авторски права.

Засега нема официјална реакција од СДСМ и МВР за видеото кое што е снимено во август а е објавено на три дена од почетокот на изборната кампања.

Арачиновци се разочарани и се чувствуваат понижени од изборот на СДС за ваков кандидат за градоначалник стои во коментарите, додавајќи дека Заев ги користи албанците за да ги исмева и како „топовско месо“.

Предходно граѓанска инцијатива предводена од свештеник на МПЦ – ОА од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара објаснување зошто пропагандниот материјал во оваа општина во која живеат и Македонци и Бошњаци е печатен само на албански јазик.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This