(Видео)ОТИДОВМЕ ВО ДЕЛЧЕВО ПО „ШEPИФOT“: Делчевскиот градоначалник нe го нajдoвмe во градот, зборувавме со жpтвaтa на неговото caмoвoлиe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По куси панталони, во неработен ден, командувајќи ергела камиони градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, во вистински шерифски манир пред неколку дена блокираше влез на приватна компанија истурајќи четири товари градежен шут пред влезот на компанијата. Причината е реваншизам, а оправдувањето на градоначалникот е еднакво на кривично дело

Според сопственикот на компанијата, градоначалникот на Делчево и има лична фрустрација кон него, а не е исклучена и националната нетрпеливост на градоначалникот. Сопственикот на компанијата Коста Пантовиќ, инаку Црногорец по националност вчера беше и мета на навреди на национална основа од страна на градоначалникот кој на прес-конференција за локалнтие телевизии го нарече човек кој што „паднал од друга планета“, деградирајќи го како недостоен да има сопствен бизнис во градот.

Пантовиќ е инаку долги години беше јавен обвинител, а се прочу по тоа што беше првиот кој поведе кривична истрага против тогашниот министер за земјоделство Марјан Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, ние бевме во Делчево и ги слушнавме двете страни. Додека Пантовиќ објаснуваше дека законот е на негова страна и дека е жртва на реваншизам, градоначалникот беше на прошетка во Разловци откако од вчера во средното учлиште во Делчево од вчера работи и неговата сопруга, Соња Трајковска.

Отидовме да го најдеме пијанечкиот „шериф“, за жал успеавме да го добиеме само телефонски.

 

Бевме во Делчево да го запознаеме пијанечкиот „шериф“, ама не беше тука 😉

Бевме во Делчево да го запознаеме пијанечкиот „шериф“, ама не беше тука 😉

Posted by infomax.mk on Tuesday, September 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This