April 25, 2024, 12:01 am

(Видео)ОТРУЕНИ ОД ЗЛАТО: Златото станува го заменува кокаинот во Колумбија, златната треска која убива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Златото брзо станува новиот кокаин во Колумбија. Благородниот метал сега е валутата која е прв избор на поединци и групи кои се занимаваат со нелегална трговија во Јужна Америка. Тоа е затоа што за разлика од кокаинот, совршено е легално да се поседува злато, и за разлика од парите, тоа е речиси невозможно да се следи.

Но, постојат некои несакани ефекти од новата златна треска во Колумбија, ефекти за кои локалните жители се чудесно тивки: еректилна дисфункција и оштетување на мозокот.

Дописникот на Vice News Моника Виламизар отпатува во Антиохиа, Колумбија, жариште на нелегалното златно рударство, за истражување на досега невидена епидемија на импотенцијата и невролошките проблеми кои експертите ги припишуваат на живата, неопходен елемент за ископување на злато.

Богатиот регион Антиохија отсекогаш бил седиште на ископот на злато, но во последните неколку години ископот на злато е на највисоко ниво во историјата како резултат на војната која државата ја води против производството на кока и зголемената цена на златото. Живата елемент кој се користи во процесот на добивање чисто злато е исклучително штетен по човековото здравје. Симптомите од труењето зависат од типот, дозата, методот и времетраењето на изложеноста. Тие може да вклучуваат мускулна слабост, лоша координација, вкочанетост во рацете и нозете, осип на кожата, анксиозност, проблеми со меморијата, проблеми со зборување, проблеми со слухот или проблеми со гледањето. Сексуалната импотенција е дел од симптомите за кои рударите не сакаат да зборуваат, а лековите против импотенцијата се меѓу најпродаваните производи во аптеките.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This