(Видео)ПАЗАРЏИИТЕ ОД ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“, изјави еден од пазарџиите што протестира пред Собранието против новиот закон со кој се предвидува тезгаџиите да платат лиценци.

Пазарџиите од неодамна на сите скопски пазари ги заклучија тезгите и беа на протест пред Собранието. Тие извикуваа „Уа, Бектеши“, „Долу Влада, го соголивте народот“ и порачаа дека нема да работат сè додека нивниот глас не допре до надлежните и не се укине законот со кој се предвидуваат нови давачки за закупците на тезги.

Додека беше Бранко на власт, ни воведе куп давачи, по него дојде Груевски, ајде малку го ослободи пазарот, но и тој не го направи она што го вети. Сега, ајде му дадовме шанса на Заев, кој вети живот, а испадна ист како Бранко. Нема никаква разлика помеѓу неговиот 15 септември и животот на Заев, исто е. Затоа ли го гласавме, ова ли е тој план, праша еден тезгаџија што продава зеленчук на Бит-пазар.

„Не прифаќаме лиценци. Не, за лиценци, нема да им помине. 40 години сум на пазарот, ова е невидено што сега ни го прават. Погледнете колку сум облечен, цел ден се мрзнам да продадам еден-два килограма ориз и издржувам петочлено семејство. Чесно си го заработуваме лебот, нека нè остават на раат“, порача друг пазарџија.

Ова се дел од изјавите за камерата на Макфакс на пазарџиите кои протестираат пред Собранието на Република Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This