(Видео)ПАЃААТ ВО ОЧИ ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ: Заканата дека ќе се употреби сила против народот покажува страв и нетолерантност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По заканите на Зоран Заев дека ќе употреби сила против народот кој протестира пред домовите на пратениците кои насилно го „изгласаа“ законот за двојазичност во Собранието, коментираше и професорката Билјана Ванковска

Според Ванковска, непринципелно е тоа што Заев и СДСМ употребуваат двојни стандарди, притоа заборавајќи на периодот кога токму тие преку улица и протести пред домовите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно вознемируваа цели населби, но и децата на истите тие функционери.

Користењето на децата како оправдување за користење на репресивна сила против демонстрантите е уште еден проблем, според Ванковска, која додава дека иако СДСМ дојде на власт од улица, не покажуваат толерантност кога улицата им возвраќа.

„Она што паѓа во очи и вознемирува е двојниот стандард: еден за времето кога тие го правеа истото со семејствата на нивните политички противници (па и цели соседства/згради беа вознемирувани секојдневно), друго е сега кога тие се на власт. Второ што паѓа во очи е истакнувањето на децата, за да се предизвикаат емоции и јавна осуда (небаре другите немаа деца). И трето, или можеби прво, е заканата – дека репресивниот апарат ќе се употреби по нивно наоѓање (за заштита на децата!). На власт дојдоа од улица, а не покажуваат ни трошка толерантност кога улицата им се враќа ним.
Ако лично ме прашувате, не мислам дека место за јавен протест се домовите на пратениците (и тоа селективно – кај Талат нема никој да оди да протестира). Многу поефектно ќе беше протестите да беа масовни и упорни (замислете слика на 50.000 луѓе пред парламентот), ама пред институциите.“ – пишува Ванковска.

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10215385482573220

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This