(Видео)ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО ОПОЗИЦИЈА, ИГРИЦИ И ДРЕМЕЊЕ ОТКАКО СЕДАНАА ВО ФОТЛЈИТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот град на Македонија неколку пати по ред котира на највисокото место на листата на најзагадени градови во светот. Но и покрај бурните реакции и револт од страна на граѓаните, локалната и централната власт на СДСМ се уште не преземаат никакви надлежности за да го намалат нивото на загаденост.

Огромно е загадувањето на воздухот и на ниските температури, при што лекарите велат дека загадениот воздух е една од причините за компликација по здравјето на граѓаните, како и за преполните болници.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов често во опозиција знаеше да го обвини тогашниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски дека не презема ништо за намалување на загаденоста.

Но, Шилегов за време на изборната кампања на локалните избори во 2017 година на неколку прес конференции вети дека доколку тој стане градоначалник од првиот ден на својот мандат ќе се погрижи овој проблем да биде решен.

Имено, Шилегов на прес конференција со Граѓанската иницијатива О2 Коалиција во октомври 2017 година најави дека тие ги здружиле силите во борбата за Скопје да има подобра животна средина,  чист воздух и чиста вода за пиење.

-Како градоначалник на Скопје, уште од првиот ден на сопствениот мандат, ќе започнам сериозен концепт, сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на Скопје од енормното загадување, изјави Шилегов.

Но и покрај изминатата една година од мандатот на Шилегов како градоначалник на Град Скопје, граѓаните и понатаму се гушат во загаден воздух и смог.

Напротив, тој сега од старана на позиција ги убедува граѓаните дека не може да го реши проблемот со енормното загадување на воздухот, како и дека граѓаните не треба да се секираат бидејќи и тој самиот го диши тој загаден воздух.

Дополнително Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на собраниска комисија наместо да дискутираат и да изнајдат решение како би се намалило нивото на загадување, Шилегов играше игри на својот мобилен телефон, додека Макрадули задрема. Ова предизвика голем револт од страна на граѓаните кои коментираа на социјалните мрежи и побараа оставка од Шилегов.

Ова само уште еднаш покажува дека дадениот збор од страна на Зоран Заев и Петре Шилегов нема тежина, до сега се што ветија ништо не исполнија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This