(ВИДЕО)ПРВАТА ДАМА НА БРАЗИЛ СО ЕДЕН ПОТЕГ ЈА ОСВОИ ЈАВНОСТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дама на Бразил Мишел Болсонаро се обрати на знаковен јазик на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Жаир Болсонаро, на огромно воодушевување на присутните, но и на луѓето ширум светот кои изразија поддршка на социјалните мрежи.

Нејзината порака ја видоа и слушнаа повеќе од 100.000 луѓе кои присуствуваа на церемонијата во главниот град Бразилија и милиони други кои ја следеа инаугурацијата на 42. претседател на телевизија.

Меѓу истакнатите гости беа државниот секретар на САД Мајк Помпео и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Сите сме на иста страна. Заедно ќе направиме просперитетен Бразил, со љубов, ред, напредок, мир, образование и слобода за сите. Бразил и Бог над сѐ. Ви благодарам многу. Бог да ве благослови- рече првата дама Мишел Болсонаро.

Мишел (36) е 27 години помлада од нејзиниот сопруг. За неа се знае дека е родена во Бразилија, дека е многу скромна и посветена на нејзината религија.

Првата дама на Бразил е вклучена во активности за лицата со хендикеп и посебни потреби и им ги преведува неделните миси на знаковен јазик на глувите во нејзината локална црква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This