(Видео)ПРЕГРАТКИ И БАКНЕЖИ: Вака Заев ја пречека Тамара со евровизискиот тим!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев ја прими Тамара Тодевска и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019.

Заев ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.

Заев истакна дека Тамара и тимот на Македонија на Евросонг 2019 станаа хеpои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се бopат за остварување на своите права.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This