March 28, 2024, 11:24 am

(Видео)ПРЕКРАСЕН КРАТОК ФИЛМ ЗА МОНАШКОТО СЕКОЈДНЕВИЕ: „Среде пустинска убост“ – краток видео спот за животот на монасите во Бигорски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие во манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски, пишува порталот „Религија.мк“

Песната деновиве доби и свој видео запис. Режија и монтажата се на Горан Костадинов, за камерата задолжени се Кристијан Теодоров, Александар Ивановски, а со дрон снимаше Дарко Данилов. Постпродукцијата е на Огнен Шапковски.

Бигорската свештена обител денеска информира дека видео спотот е изработен од врвни професионалци кои подолг период престојувале во Бигорското светилиште со цел да го доживеат и што поавтентично да го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта.

-„Среде пустинска убост“ зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее монахот- соопшти Бигорската свештена обител.

Бигорската обител изразува голема благодарност до сите учесници во проектот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This