March 28, 2024, 10:15 am

(Видео)ПРЕКУ 20.000 МАКЕДОНЦИ НА ПРОТЕСТОТ ВО СИДНЕЈ: Побараа крај на преговорите за името, стоп на диктатот на НАТО и ЕУ и повлекување на законот за двојазичност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку 20.000 Македонци според проценките на сиднејската полиција, денес во Сиднеј во 12.00 напладне по локално време учествуваа на протестите организирани од Македонската дијаспора чија цел беше да испратат порака до Македонските власти дека тие се против промена на името и идентитетот, против договорот за добрососедство со Бугарија, промена на името поради влез во НАТО, како и против воведување на двојазичност на територија на целата држава

 

Како што информираше водителот на протестите, според проценките на сиднејската полиција, денес точно напладне во Сиднеј преку 20.000 Македонци учествувале на протестот на кој Македонската дијаспора бараше зачувување на уставното име, отфрлање на договорот со Бугарија, повлекување на законот за јазици и одлуката на МПЦ за статус ќерка црква на БПЦ.

Во говорот на водителот на протестите, Македонската дијаспора порача дека ниту една влада или политичар не смее да го прифати диктатот на НАТО и ЕУ според кој Македонија треба да го промени името за влез во овие меѓународни организации.

Тие повикаа и на ставање крај на преговорите за името, но и ја повикаа меѓународната заедница да започне да ги почитува меѓународните закони и резолуциите на ОН за човекови права и слободи.

Објаснија дека Македонија нема потреба да го менува името кое е признато од повеќе од 140 земји членки на ОН, меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност САД, Русија, Велика Британија.

Исто така, апелираа Собранието да го повлече законот за двојазичност како и да го укине договорот за добрососедство со Бугарија бидејќи со истиот се негира и брише Македонската историја, а Македонскиот јазик се става во подредена положба на Бугарскиот како негов дијалект.

 

https://www.facebook.com/wearemacedonian/videos/539478146445622/

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This