(Видео)Пренџов: Место за Клинички центар и намалување на аерозагадувањето, Владаата троши пари за партиски вработувања, мебел и автомобили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ГРОМ, Љупчо Пренџов се обрати пред пратениците на последниот ден од собраниската расправа за буџетот за 2021 година. Пренџов посочи дека и покрај тоа што ова е досега најголемиот буџет на Република Македонија, со истиот не се предвидени средства за она што во моментот е најголем проблем во државата и што бара најитно решавање, нагласувајќи дека многу работи не се јасни и покрај 20 дневната буџетска расправа.

„Денес е последен ден од расправата за Буџетот за 2021 година. Ова е најголемиот Буџет во историјата на Р. Македонија. Владата и пратениците не собраа храброст да кажат пред граѓаните дека: 1.Нема предвидено средства за автопатот Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија. 2.Нема предвидено средства за магистрален пат Гостивар- Кичево.3. Нема предвидено средства за изградба на железница кон Дебар и поврзување со Албанија. 4.Нема предвидено средства за железницата кон Бугарија. 5.Нема предвидено средства за изградба на нов Клинички центар. 6.Нема предвидено средства за изградба на браната Чебрен. 7.Нема предвидено средства за изградба ниту на Бошков Мост, ниту на Галиште.8. Нема предвидено средства за борба против аерозагадувањето…..“, посочи тој.

Пренџов забележа дека, и покрај здравствената и економска криза во која се наоѓа земјата, Владата најде средства за партиски вработивања, мебел, возила, апетисани, но и ваучери за купување гласови, додавајќи дека се однесуваат како парите да се нивни, а не од џебот на народот.

„Ама затоа Има предвидено средства за 1. Привремени партиски вработувања на членствата на СДСМ, ДУИ и БЕСА.2. ИМА пари и за нов мебел на нивните функционери.3. Има пари и за нови возила.4. Има и за лешници, бадеми, индиски ореви.5. Има и за ваучери за купување на гласови“, рече Пренџов.

Пренџов директно побара пред граѓаните да се каже дека сето она што е од суштинска важност, не е предвидено во буџетот. Граѓаните сакаат да знаат каде им одат парите, и власта им заслужува одговор.

„Оваа генерација на Недржавотворни политичари, континуирано се однесуваат како народните пари да се нивни, од дома донесени. Ниту имаат слух за потребите на граѓаните ниту чувство на одговорност кон вистинските сопственици на сите тие милијарди кои безмилосно и душмански ги трошат. Новата генерација на политичари ова ќе го сопре, ако не во овој пратенички состав, тогаш сигурно во следниот. Ова е последниот недржавотворен и ненароден Буџет. Следниот ќе се донесе со нов пратенички состав и заедно со граѓаните. Се разбира, за сѐ до сега ќе има и одговорност!“, порача тој на крај.

Пренџов го критикуваше пратеникот Крмов за нејасните ставови во однос на продажбата на државниот капитал.

„Не можам да ве разберам, прво, дали ви се малку 20 милиони евра за продажба на државен капитал, или сте против продажба на државен капитал.“, рече Пренџов, додавајќи дека цела Европа и Северна Америка имаат либерална економија, и ние во рамките на таа либерална економија ние треба да критикуваме зошто сме или сме против донесување на буџет.

Преџов потенцираше дека проблемите се решаваат од собраниската говорница, и од таму се руши власта, а граѓаните мора да знаат кој за што се залага, без разлика дали се работи за власт или за опозиција.

„Сите ние мораме да придонесеме со наши предлози конкретни, а не ова не е добро, ама кога ќе дојдеме на власт.“, заврши тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This