April 23, 2024, 10:24 am

(Видео)ПРОСЛАВАТА ВО ФРАНЦИЈА ЗАВРШИ СО НЕРЕДИ:Има и мртви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција во неделата ја освои својата втора светска титула во фудбал во Русија со 4:2 победата над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења, и дури смртни случаи.

Франција вчера ја освои својата втора светска титула во фудбал, во Русија, со победата од 4:2 над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења и дури смртни случаи.

Во Париз, каде што над 100 000 луѓе се собраа пред Ајфеловата кула по мечот, почнаа проблеми кога славењето излезе од контрола, и на крајот беа повикани специјалните сили, кои со водени топови и со гумени куршуми мораа да го враќаат мирот на улиците. Стотина хулигани се качија на едно полициско возило во центарот на градот.

Во Лион исто така имаше вистински неред кога хулиганите почнаа да кршат автомобили, додека во Марсеј имаше масовна тепачка со полицијата, а се појавија и снимки на демолирање на еден автобус. Инциденти имаше и во други градови – Гренобл, Руен, Ле Авр, Ница, Кан, Стразбур и Нант.

Имаше и два смртни случаи – во алпскиот град Анеси 50-годишен навивач починал откако скокнал во еден канал, а во Сан Феликс во северна Франција 30-годишник при славењето се заби во дрво.

https://twitter.com/FrenchFutbol/status/1018611315059970051?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1018611315059970051&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2F%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2584%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2588%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b5%2F

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This