(Видео)ПРОТЕСТ ВО ШТИП: Голем протест во Штип, откако во петокот на пешачки беше прегзен 15-годишен ученик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку стотина штипјани попладнево со автомобили, но и пеш излегоа на протест во градот под Исарот на местото каде што во петокот беше прегазен 15.годишен ученик додека се обидувал да помине на пешакиот премин кај кружниот тек на влезот во градот


Неофицијално, штипјани се сомневаат дека 15-годишниот ученик подлегнал на повредите, откако со голема брзина 68.годишен возач со „Волксваген поло“ удрил во него. Од информациите на локалните медиуми, ударот бил толку страшен што ликот на ученикот бил непрепознатлив.

„Директно во операциона сала во Клиничката болница во Штип е пренесен 15-годишниот ученик, кој на големиот одмор беше прегазен во близина на Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Според последната информација, детето го оперира неврохируг, по тешките повреди на главата и по телото.“ – пишуваа локалните медиуми во петокот.

Штипјани се револтирани од немањето на слух од локалната власт да го реши овој проблем, кој со години претставува опасност за животот на учениците. На ова место, информираат локалните жители секоја година се случуваат по неколку вакви катастрофални несрќи.

Иако има ограничување на брзината на возење на 50 километри на час, таму неретко се поминува со двојно поголема брзина. До сега најмалку десетина деца се повредени од брзите возачи, најчесто на пешачкиот премин пред училиштето. Од училиштето одамна се бара некакво решение – лежечки полицаец, дополнителни сообраќајни знаци или поголемо присуство на полицијата за време на одморите. Меѓутоа, општината засега се оглушува на барањата.

Протести во Штип!

Протести во Штип!

Posted by infomax.mk on Monday, November 12, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This