March 28, 2024, 11:28 pm

(Видео)ПУБЛИКАТА ГО СКАНДИРАШЕ ИМЕТО НА ДУРЛОВСКИ: Игор Дурловски, Игор Дурловски – скандираше публиката пред почетокот на „Набуко“ во МОБ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Дурловски, Игор Дурловски, скандираше вечерва публиката во Македонската опера и балет. Непосредно пред почетокот на операта „Набуко“ која вечерва е на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажа својот револт од приведувањето и притворот на еден од најдобрите, ако не и најдобар македонски оперски пејач, Игор Дурловски. По извикувањето на името на оперскиот пејач, според информациите на Република, присутните не го попречиле почетокот на операта.

Публиката негодува што македонскиот талент се наоѓа во притворот Скопје или познат како Шутка. Дурловски е еден од 36-те осомничени за тероризам. Тој се наоѓа во притвор од 29 ноември годинава, а заедно со него се актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, твитерџијата Богдан Илиевски, шестмина пратеници, од кои тројца во домашен притвор…

Нив им се суди за случувањата во Собранието на 27 април годинава, кога незадоволните граѓани влегоа во собранието откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието по нестандардна процедура и за многумина спротивно на законите и уставот на РМ.

Фото и видео: РЕПУБЛИКА

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This