(Видео)ПУТИН ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ: Изворот на власта е народот, ги охрабрувам сите да гласаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин упати повик до Русите да излезат на 18 Март на избори и да го искористат правото да ја изберат иднината на земјата.

„Почитувани граѓани на Русија, драги пријатели. Оваа недела, 18.Март ќе се оддржат изборите за Претседател на Русија. Како актуелен шеф на државаат сметам дека е важно да Ви се обратам во очи на гласањето. Според Уставот на нашата земја изворот на власта е народот.Овие зборови, оваа правна формулација има огромна смисла. Всушност, од волјта на народот, од волјата на секој жител на Русија зависи по кој пат ќе се движи нашата земја и зависи иднината на Русија и нашите деца“, нагласи Путин.

Тој наведе дека лична одлука е на секој човек за кој ќе го даде својот глас.

„Во Русија од секогаш сами одлучуваме за сопствената судбина, правевме така како што ни зборуваше нашата совест, вистината и правдата и нашата љубов кон татковината. Тоа е во нашиот национален карактер, за кој знае цел свет. Убеден сум дека секој од нас мисли и се грижи за судбината на родената земја. И затоа Ве молиме во недела да дојдете на избирачките места. Искористете го своето право за да ја изберете иднината за голема Русија која ја сакаме“, истакна шефот на државата Путин.

Председателските избори во Русија ќе се оддржат на 18.Март. Во трката за претседател учествуваат осум кандидати: Сергеј Бабурин, Павел Грудињин, Владимир Жириновски, Владимир Путин, Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Борис Титов и Григориј Јавлински.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This