(Видео)ПУТИН ПОВТОРНО ПРЕТСЕДАТЕЛ: Русите му дадоа уште еден мандат на Владимир Путин, тој најави промени во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акутелниот руски претседател Владимир Путин доби уште еден мандат од граѓаните, а за време на посетата на својот изборен штаб објасни зошто Русите гласаа за него

„На Русија и е потребен напредок и ние ќе го направиме заедно“, рече Путин, објаснувајќи зошто народот гласал за него.

Потребно е да ги надминеме предизвиците и да ги решиме задачите кои се наоѓаат пред земјата, додаде тој.

Тој смета дека поваќно е различните сили во развојот на земјата не ги водат интересни кланови, туку националните интереси.

Потсети и на случајот со труењето на Сергеј Скрипаљ во Велика Британија: „Ако тоа навистина било отровна супстанца, луѓето веднаш би умреле. Русија е спремна да соработува во овој случај, но е потребно и другите земји да покажат интерес за тоа“.

„Русија нема хемиско оружје. Го уништивме, за разлика од нашите партнери“, додаде тој.

„Тоа е глупост, никој досега ништо такво не би направил“, рече тој.

Освен победничкиот говор, Владимир Путин најави промени во руската Влада по инагурацијата.

„Воопшто, сите промени во Владата требад да ги изврши претседателот по стапувањето на новиот мандат и затоа за тоа ќе мислиме како тоа да го направиме“, рече Путин.

Според неговите зборови, „главните промени ќе се случат по инагурацијата“, која ќе биде на 7. мај.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This