April 20, 2024, 10:44 am

(Видео)ПЦОВКИ И ТЕПАЧКА ВО ПАРТИСКИ ШТАБ НА СДС ВО ШТИП: Вербален инцидент и физичка пресметка на последниот состанок на местниот одбор на СДС во Штип!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вербален инцидент и физичка пресметка имало на последниот состанок  на Месниот одбор   „8-ми Ноемеври“ на СДСМ Штип,  потврдуваат извори на ТВ Стар од партијата.   Атмосферата почнала да се вжештува уште  при толкувањето  кои можат, а кои не можат да бидат предлаѓани   за  кандидати за новиот извршен одбор,  а притоа да нема конфликт на  интреси или акумулација на функции – пренесува локалната телевизија „Стар“

Конкретно, за поедини членови  спорно било кандидирањето  на  новоизбран  советник  за повторно членство во Извршниот одбор на што  негов  близок роднина сега повторно инсистирал.

Откако   демократското убедување не помогнало, едниот од дискутантите  надвор од просторијата бил изнесен седејќи на столот  а  потоа во ходникот бил брутално тепан. По ова, состанокот бил прекинат, а присутните си заминале.

Не е познато дали инцидентот е пријавен во полиција и дали оштетениот правдата ќе ја бара и на суд,   но  истиот за ТВ Стар го потврдија најмалку тројца присутни. Кога  состанокот ќе продолжи  е неизвесно, но од она што таму се случувало  згрозени и разочарани останале  многумина од педесттината присутни .

Инаку,   овој  состанок е само еден од низата   на  речиси 60 , колку што СДСМ има одбори во Штип, кои  треба да се одржат  до денес и   на нив се предлагаат кандидати за членови на  општинскиот Извршен одбор кој брои 19 членови.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This