(Видео)ПPИЗHA ЛИ ЗАЕВ ДЕКА РЕМЕНСКИ И ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СЕ OCOMНИЧEHИ ЗА „PEKET“?: Сите што се oгpeшилe пред зakoнот ќе бидат диcтaнциpaни од партијата, рече Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знае ли премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев повеќе од информациите на обвинителите за случајот „Рекет“, ако вечерва на новинарско прашање за тоа која е причината што досегашните потпретседатели на партијата Петре Шилегов и Фросина Ременски ги загубија своите позиции, објасни дека истите се дистанцирани во случај да бидат осомничени за аферата која веќе цел месец ја тресе државата

На новинарско прашање за тоа каде згрешија Петре Шилегов и Фросина Ременски па не беа реизбрани за потпретседатели на владејачката СДСМ, премиерот Зоран Заев одговори дека секој што е под некаков сомнеж на криминал ќе биде дистанциран од партијата.

– Значи јас сум рекол ако некој биде осомничен, е под истрага секако партијата ќе се постави принципиелно како што се поставува и до сега, затоа што дефинитивно при носењето на нашите одлуки со нашиот живот, со нашето работење некогаш може и да згрешиме. Јас верувам дека нема грешки во високи функционери на СДСМ, но во исто така охрабрувам без разлика на кој се однесува можност за поврзаност со корупција и криминал да биде истражено до крај, затоа што тој што се огрешил треба да биде потврдено, ама истовремено и на тој што името е извалкано името треба да биде обелено – рече Заев по завршувањето на состанокот на Централниот Одбор на СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден пак, на социјалните мрежи и во јавноста беше лиферувана информација дека двајца високи функционери на СДСМ биле повикани на информативни разговори во полиција, поврзано со случајот „Рекет“.

Информацијата подоцна беше демантирана од МВР, но неофицијално доскорешниот ген.сек на СДСМ Александар Кирацовски доброволно дал исказ во полиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This