(Видео)ПPOTECTИ ВО УСЈЕ: Темелковски ги лaжeл за фeкaлнa кaнaлизaциja, Макрадули и Шилегов дoзвoлиле гopeњe на мeдицинcки oтпaд во цементарницата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на населеното место Усје попладнево излегоа на протест по повод неисполнетите ветувања на градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.

-На Усје му се заканува епидемија, а причината за таа е одводната канализација која не постои во населбата, т.е примарната канализација е изградена, но не и секундарната. Градоначалникот Филип Темелковски ни вети во 2018 година дека во февруари 2019 ќе биде започнат одводот, но тоа не се оствари. За време на вториот круг на изборите исто така тој беше во најзагрозениот дел од Усје каде фекалиите малтене течат низ подрумите и улиците и ни вети дека ќе се изгради, т.е во месец август ќе биде месец во кој ќе започне изградба на канализација, а од тоа нема ништо, велат мештаните на денешниот протест.

Тие велат дека сите овие луѓе тука се собрани за да го искажат незадоволството од властите кои ги излажаа.

Револтираните жители на Усје му поставија две прашања на градоначалникот Темелковски:

-Прво, дали планира да изгради секундарна мрежа за фекална канализација во Усје?

-И ако планира кога ќе почне да ја гради и кога ќе заврши?

-Го замолуваме тој да ни помогне, бидејќи ни се заканува епидемија. За пошироката јавност Усје се наоѓа на само 5 километри од центарот на градот и ние живееме во субстандардни услови, а во радиус од 20 километри во Скопје сите населени места имаат канализации, освен ние, потенцираат насобраните жители.

Шилегов, Макрадули и Темелковски дозволуваат труење на цело Скопје

Жителите на населбата Усје додаваат и дека во цементарницата секој викенд пристигнуваат шлепери полни со отпад од Италија, кој потоа се гори во печките на фабриката. Според мештаните на Усје, ова тие го дознале од вработени во фабриката.

– Сабота и недела доаѓаат шлепери полни со отпад кој потоа се гори во печките на фабриката. Се носи медицински отпад, пелени од старски домови и тоа сѐ се гори, а чадот го дишеме ние. Нема ни инспектори да проверат ни ништо. Катастрофа – вели еден од присутните на протестот.

Според нив, овој отпад е забранет за депонирање во европските земји, а тука фабриката наплаќа за да го изгори, па така си правеле бизнис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This