(Видео)РАФАЛИ КОН АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: Со автоматско оружје истрелани неколку рафали кон амбасадата на САД во Анкара!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На американската амбасада во Анкара, во околу 5 часот по локално време, испукани биле неколку куршуми од возило во движење, при што бил погоден прозор на куќичката за обезбедување, пренесува турски “CNN”.

Полицијата ги бара осомничените, а за среќа, во нападот нема повредени , пренесуваат тамошните медиуми.

Пет или шест истрели се слушнале во близина на куќичката за обезбедување на капијата на амбасадата.

Куршумите биле испукани од бел автомобил во движење, кој побегнал пред да се види бројот на неговите регистарски таблички.

Како што се наведува, нападот се случил во околности на влошени односи меѓу Анкара и Вашингтон, поради судењето на американскиот свештеник Ендру Брансон во Турција.

Нападот врз американската амбасада во Анкара е јасен обид да се создаде хаос, изјави портпаролот на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.

Портпаролот осудувајќи го нападот рече дека истрагата за инцидентот е во тек, пренесе „Ројтерс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This