(Видео)РЕЗИЛ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА: Советникот на Заев, Бојан Маричиќ се обиде да лаже на „Ал Џазеира“ водителката го замоли да не манипулира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обид да го одбрани она што не може да се одбрани, а тоа е фактот дека 1.2 милиони луѓе тотално го игнорираа повикот на СДСМ и владата предводена од Заев за гласање на референдумот со кој требаше да се прифати капитулантскиот договор со Грција, „специјалниот советник“ на Зоран Заев, Бојан Маричиќ брутално се посрамоти на светската телевизиска мрежа „Ал Џазеира“

Маричиќ се обиде да ги продава истите „басни“ кои лесно поминуваат низ Македонските провладини медиуми, во обид да се манипулира со реалноста од исходот на референдумот, во смисла на тоа дека оние кои излегле (36% од потребни 50%+1) гласале „За“ договорот.

На ова, вчудоневидена од манипулативниот одговор реагираше и водителката на „Ал Џазеира“ која го замоли Маричиќ да не се обидува да манипулира со фактите, и впрочем дека само 36% излегле на референдумот, додека огромното мнозинство во потполност ги изигнорирало повиците на СДСМ. Ова, според водителката е повеќе од јасен одговор дека граѓаните не сакаат да го прифатат договорот со Грција, а секој обид да се претстави поинаку би бил лага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This